Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Новости
Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците заиспитување на јонизирачко зрачење (радијација)
Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево
15.09.2025

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.

ИЈЗ додаваат од таму, во текот на вчерашниот ден испратиле обучен експертски тим од институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.
„Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа.

Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците заиспитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности, без отстапување.

Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.

Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго потекло“.
По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, според соопштеното, резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.

Галерија
Submitted by alfa4 on 15.09.2025 - 21:50