Министерството за животна средина и просторно планирање ја лансираше кампањата #ОддржливаИднина

Новости
Кампањата #ОддржливаИднина
Кампањата #ОддржливаИднина
05.06.2025

Скопје, 5 Јуни 2025 — Во чест на Меѓународниот ден на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ја организираше својата прва годишна конференција „Заедно за оддржлива иднина“, каде официјално го промовираше новиот комуникациски концепт #ОддржливаИднина.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека настанот не е симболичен, туку работен, инклузивен и стратешки, со цел да ја постави животната средина како врвен приоритет во националните политики.

„Оддржливата иднина не е само кампања – тоа е нашата филозофија на управување со ресурсите, системските реформи и вклучување на сите граѓани во заедничка мисија“
- истакна министерот.

На конференцијата се одржаа две панел дискусии со учество на претставници од академијата, институциите, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата,едната посветена на заштита на природните ресурси,а другата за оддржлво управување со отпадот.  

Во рамки на конференцијата беа презентирани и шест клучни интервенции во националната политика за животна средина: Чиста Вода за секој граѓанин, Природа без диви депонии, Преспа2035, Охрид – Езерото што повикува на одговорност, Законодавство што ја става природата на прво место и ЕкоСвест –Програма за подигнување на јавната свест и зелена едукација, со активности во училишта, медиуми и заедници низ целата држава.

Министерот упати отворена покана до сите заинтересирани страни – граѓани, општини, компании, училишта – активно да се вклучат во реализацијата на #ОддржливаИднина, со јасна порака: само заедно можеме да изградиме оддржлива иднина!

Претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија Лесли Милер изјави дека преку партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање и со Министерството за образование и наука постигнавме извонредни резултати.

„Заедно, изработивме нови наставни програми и учебници за основно и средно образование, и втемеливме учење за климата и животната средина во сите предмети. Започнавме воведување препораки за квалитетот на воздухот во училиштата, а минатата година, Владата усвои протокол за училиштата за постапување во време на топлотни бранови“
- рече Милер.

На настанок ученици и наставници од основни и средни училишта ширум државата кои се дел од програмата GLOBE и од мрежатаа за искуствено учење претставија нивни вештини во делот на истражување на квалитетот на воздухот, водата, почвата и биосферата.

Галерија
Submitted by alfa4 on 05.06.2025 - 19:03