Соопштение

Соопштенија
Конференција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, под наслов „Заедно за одржлива животна средина“
Соопштение
04.06.2025
Почитувани

Ве известуваме дека утре, четврток, 5 јуни 2025 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Клубот на пратеници, ќе се одржи првата годишна конференција во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, под наслов „Заедно за одржлива животна средина“, по повод Светскиот ден на животната средина.

На отворањето на конференцијата свое обраќање ќе имаат:

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изeт Меџити
Претставничката на УНИЦЕФ во РСМ, Лесли Милер
Настанот ќе вклучи два панела на кои ќе се дискутираат клучни теми поврзани со животната средина и одржливиот развој, и работилница на која ќе учествуваат ученици и наставници од ГЛОВЕ програмата и од Мрежата за искуствено учење.

Локација: Клуб на пратеници
Време: 10:00 часот

Покануваме новинари, сниматели и фотографи да го проследат овој значаен настан.

 

Submitted by alfa4 on 04.06.2025 - 14:14