Централната лабораторија на МЖСПП и официјално го доби сертификатот за систем за квалитет според стандардот ISO 17025

2laboratorija_sertifikat_ISO17025Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурeдини со задоволство информира дека Одделението за Лабораторија и теренски мерења (Центарaлна лабораторија) на Министерството за животна средина и просторно планирање, официјално го доби сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија, при што сертифицираше 7 методи за тестирање, од кои 6 се за квалитет на вода и една за бучава.

По тој повод министерот Нурдини ја посети Центаралната лабораторија,при што, честитајќи им го успехот на вработените укажа на потребата од доследно почитување и примена на стандардот. При тоа со раководителот Африм Љатифи разговараа и за идните развојни планови на Лабораторијата.

Како што информираше министерот Нуредини, со воведувањето на системот за квалитет според стандардот за акредитирана лабораторија и сертифицирање на 7 методи од страна на Институтот за акредитација, Лабораторијата доби признание за својата работа и сега останува да се прошири бројот на методи кои ќе бидат акредитирани во секоја наредна година.  Во наредните фази е планирана и акредитација на методи за квалитет на воздух, а во Буџетот за 2021г. се обезбедени средства за набавка на инструмент за мерење на емисии од стационарни извори, за што во најскоро време ќе се поведе постапката за набавка.

Исто така, министерот Нуредини информираше дека е во тек проектната активност за набавка на инструмент кој користи нуклеарни технологии за анализа на составот на PM честичките (X-RayF).  Инструментот е во вредност од 61.700,00 евра и еиспорачан од депото на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) од Виена, и се очекува да пристигне наредниот месец.

Овој инструмент ќе се користи за анализа на концентрации на тешки метали во фракциите на PM10честичките, што овозможува утврдување на главните сектори на загадување (индустрија, транспорт, домаќинства итн.). Овие анализи ќе овозможат да се направи приоретизација на мерките за намалување на аерозагадувањето.

Дополнително, во склоп на Регионалниот проект на IAEA – RER7011, Централната лабораторија за животна средина на МЖСПП доби уште еден инструмент Multi-wavelength Absorption Black-Carbon Instrument (MABI), во вредност од 4.700,00 Евра, кој ќе се користи за анализа на Black carbon во фракции на PM10.