Со новата методологија ќе се интегрираат климатските промени во новиот просторен план на РСМ

Sredba_Odzaklievska_AndreevaЗаменик министерката Христина Оџаклиеска оствари средба со директорката на Агенцијата за планирање на просторот, Андријана Андреева.

На состанокот се разговараше за подготвителните активности за отпочнување на процесот на изработка на нов Просторен план на Република Северна Македонија.

Примената на новиот методолошки пристап во планирањето на просторот, согласно методологијата за изработка на просторни планови, која беше подготвена во 2020 година, треба да понуди современи решенија за идно уредување на просторот, земајќи ги предвид карактеристиките на одделните региони во државата.

На состанокот , Оџаклиеска го нагласи значењето и потребата од интеграција на климатските промени, како исклучително важен фактор при креирање на идните плански решенија.

Одредбите од постојниот Просторен план на Република Македонија (2004-2020) продолжуваат да важат се до изработката на новиот Просторен план.