Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

11.09.2025
Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба.

Ќе субвенционираме 200 електрични возила за таксистите

06.09.2025
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок Со Унијата за здруженија на таксисти го претстави проектот за субвенционирање на првите 200 електрични возила за таксисти

Лашкоска: Работна посета за зајакнување на македонско-турската соработка

05.09.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, и директорката на државниот инспекторат за  животна средина, Ивана Гиновска, денес и утре се во дводневна работна посета на министерството за животна средина, просторно планирање и клима на Република Турција

Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

22.08.2025
Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.

Лашкоска: Во координација со Владата, забрзано и системски работиме на санација на хидросистемот Ѓавато

22.08.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес присуствуваа на увид во моменталната состојба во која се наоѓа “хидросистемот Ѓавато”, кој во 2002 година беше направен за да се полни со вода Дојранското Езеро.

Меџити: За 1 година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

18.08.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.

Зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии

15.08.2025
​​​​​​​Скопје, 15 август 2025 – Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството, истакна дека ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот со нова опрема и технологии.

Меѓународна средба за имплементација на CITES во насока на заштита на загрозени видови

13.08.2025
Денес,во просторите на Министерството за животна средина и просторно планирање на Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање, Ане Лашкоска одржа средба со Н.Е.  Кавахара Сецуко, вонреден и ополномоштен амбасадор на Јапонија во нашата држава