Презентирани шест нови закони од областа на управувањето со отпадот кои се во собраниска процедура

Rabotilnica_otpadВиртуелна работилница за единиците на локалната самоуправа, на тема Управување со отпад, се одржа вчера, како дел од редовните активности на МЖСПП за соработка со единиците на локалната самоуправа. На истата беа презентирани шесте нови закони од областа на управувањето со отпадот кои се во собраниска процедура.

Според заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, се очекува овој пакет на нови закони да доведе до подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во Р.С Македонија и со доследна примена на новото законодавство на кое МЖСПП работеше во изминатите четири години, да се овозможи реализација на прeдвидените активности.

Раководителот на секторот за отпад при Управата за животна средина ги презентираше планските документи и предлог текстовите од законите, претставувајќи ги новите национални цели, активностите со кои е предвидено да се постигнат целите и планираните новини за единиците од локалната самоуправа.

Посебен акцент беше ставен на одредбите од новите закони за обврските кои произлегуваат за овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори на општините, општините на Градот Скопје и Градот Скопје.