Денеска, во повеќе општини во државата, како и во цела Европа, под мотото "Комбинирај и движи се" започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Мобилност за сите“.
Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.
На барање на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити пратена е препорака до општините за спроведување на детални контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување.
Пожарот кој вчера избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад во село Трубарево е целосно изгаснат и локализиран. Борбата траеше повеќе од 15 часа, и екипите од повеќе институции со интензивна и координирана борба успеаја да спречат неково ширење.
Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево
Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух - ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂, NO₂, CO и O₃.
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, оствари работен состанок со Рита Колумбија, Постојана координаторка на Обединетите Нации, и со Емилија Симоновска, проект-менаџерка на УНОПС во нашата држава.
Забрана за движење на територија на депонијата “Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба
Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок Со Унијата за здруженија на таксисти го претстави проектот за субвенционирање на првите 200 електрични возила за таксисти
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, и директорката на државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, денес и утре се во дводневна работна посета на министерството за животна средина, просторно планирање и клима на Република Турција
Лпково, 25.08.2025 година – Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково.
Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.