Извештај од индикативни мерења на квалитетот на воздухот – PM₁₀ честички во Трубарево

Новости
НЕ Е ЕВИДЕНТИРАНО НАДМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ
1
19.09.2025
НЕ Е ЕВИДЕНТИРАНО НАДМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 18.09.2025 (11:00 часот) до 19.09.2025 (11:00 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево.

Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува следење на концентрациите на честички во реално време, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторинг беше користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.

Резултати од мерењата:

  • Просечна концентрација: 9.8 µg/m³
  • Максимална измерена вредност: 43.3 µg/m³
  • Моментална вредност: 8.2 µg/m³

Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности.

Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17).

Министерството ќе продолжи со редовно следење на квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста.

Галерија
Submitted by almin on 19.09.2025 - 12:28