Квалитет на воздухот во Трубарево – резултати од тековната состојба и по пожарот

Соопштенија
Спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два различни периода
Спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два различни периода
19.09.2025

 

Скопје, 19.09.2025 Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два различни периода:

  1. 13–14 септември 2025 (по пожарот во склад на „Ф-Групација ДООЕЛ“),
  2. 18–19 септември 2025 (тековни индикативни мерења).

Тековни резултати (18–19 септември 2025):

  • Просечна концентрација PM₁₀: 9,8 µg/m³
  • Максимална вредност: 43,3 µg/m³
  • Моментална вредност: 8,2 µg/m³

Моментално нема надминување на граничните вредности, концентрациите на PM₁₀ се во рамките на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето.

Резултати од пожарот (13–14 септември 2025):

  • PM₁₀ честички: 92,65 µg/m³ (над 50 µg/m³ – дозволена граница)
  • Олово (Pb): 0,75 µg/m³ (над 0,5 µg/m³)
  • Кадмиум (Cd): 59,1 ng/m³ (над 5 ng/m³)
  • Арсен (As): 8,9 ng/m³ (над 6 ng/m³)
  • Никел (Ni): 6,4 ng/m³ (во дозволени граници, под 20 ng/m³)

По пожарот е регистрирано значително надминување на дозволените граници за PM₁₀, олово, кадмиум и арсен, беа измерени високи концентрации на честички и тешки метали, но тековните мерења покажуваат дека состојбата на воздухот е стабилизирана и во рамките на дозволените граници.

Министерството и Државниот инспекторат ќе продолжат со редовен мониторинг и навремено информирање на јавноста.

 

Submitted by alfa4 on 19.09.2025 - 18:04