Надзор на договорите за градежни работи за изградба на пречистителна станица и рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во општина Битолa

EC-NEAR/SKP/2024/EA-RP/0031
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

Општа цел

Да се подобри инфраструктурата за собирање на општински отпадни води во согласност со директивата 91/271/ЕЕЗ и националниот закон.
Проектот предвидува мерки за изградба на пречистителна станица и рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Општина Битолa, вклучувајќи активности за надзор, што би придонело за следново:

  • Да се подобрат санитарните и хигиенските услови и стандарди за населението;
  • Да се намали инфилтрацијата на подземните води во канализациониот систем и следствено, во пречистителната станица;
  • Да се намали истекувањето на отпадните води и загадувањето на подземните води;
  • Да се подобрат значително моментално неприфатливите еколошки услови на реципиентот (река Драгор) (разредување помало од 1:1) и квалитетот на водата во реката по испустот на пречистителната станица, што ќе ги исполни целите на еколошките стандарди;
  • Да се намали понатамошното акумулирање на хранливи материи и еутрофикацијата низводно во прекуграничниот тек на реката Вардар и Егејското Море;
  • Да се намалат проблемите поврзани со одржувањето на канализациониот систем;
  • Да се обезбеди правилно функционирање на идната Централна пречистителна станица.

 

Посебни цели (резултати)

За да обезбеди функционирање на инфраструктурата за отпадни води во рамките на „Изградба на пречистителна станица и рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во општината Битолa“, инвестициите се следните:

  • проектирани (според договорот „Жолта книга“ на FIDIC) според барањата и спецификациите на соодветниот работодавач и со користење на соодветни, економични и одржливи технологии;
  • изградени според техничките и стандардите за квалитет наведени во соодветните технички спецификации и барањата на работодавачот;
  • изградени земајќи го предвид здравјето и безбедноста на работниците на лице место, како и на пошироката јавност и,
  • завршени според распоредот и без никакви пречекорувања на трошоците.
Проектни компоненти-резултати

Продукт 1 кон Резултат 1: За Лот 1 – надзор на градежните работи за проектирање и изградба на станица за третман на отпадни води за 112 474 PE со вкупен дневен просечен проток од приближно 27090 м3/ден и работи на проширување (375 м) на постојниот главен колектор во Општина Битолa според условите на договорот од Жолтата книга на FIDIC (1999) и договорните документи, преку ефикасна и ефективна експертиза резултирајќи со издавање на Сертификат за преземање, кога работите ќе бидат во голема мера завршени и Сертификат за изведба, на крајот од Периодот за известување за дефекти (DNP), а сето тоа треба да се постигне со квалитет, буџет и временска рамка предвидени во Договорите за градежни работи.

Продукт 2 кон Резултат 1: За Лот 2 – надзор на градежните работи за рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Општина Битолa во согласност со условите на договорот од Црвената книга на FIDIC (1999) и договорните документи, преку ефикасна и ефективна експертиза, резултирајќи со издавање на Сертификат за преземање, кога работите се во голема мера завршени, и Сертификат за изведба, на крајот од Периодот за известување за дефекти (DNP), а сето тоа треба да се постигне со квалитет, буџет и временска рамка предвидени во Договорите за градежни работи.

Тип на проект
Договор за услуги
Вредност на проектот
1.060.260 eur
Датум на започнување
Датум на завршување
Статус на проект
Тековен
Корисници на проектот
Министерство за животна средина и просторно планирање
Краен корисник
Општина Битола
КЈП „Нискоградба“ Битола
Изведувачи
Eptisa Servicios de Ingenieria S.L, Spain
Сектор одговорен за спроведување
Сектор за води
Галерија
ЕУ со тебе