Започна одбележувањето на ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2025

Новости
Во повеќе општини во државата, како и во цела Европа, под мотото "Комбинирај и движи се" започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Мобилност за сите“
ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2025
16.09.2025
ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2025

Денеска, во повеќе општини во државата, како и во цела Европа, под мотото "Комбинирај и движи се" започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Мобилност за сите“.

 

1

 

Многу луѓе се соочуваат со предизвици како што се високите трошоци или недостатокот на опции за транспорт што го ограничуваат нивниот пристап до работни места, образование и основни услуги - ова е познато како транспортна сиромаштија. Во 2025 година, Европската недела на мобилност нè поканува да се стремиме и да градиме општество каде што транспортните услуги се достапни, пристапни, прифатливи, инклузивни и безбедни, но и да создадеме услови каде јавниот превоз, пешачењето и возењето велосипед се одржливи опции за сите. Да им помогнеме на локалните заедници и домаќинствата да се прилагодат на современите општествени промени преку поддршка на прифатливи и одржливи решенија за мобилност.

Целта е да се упати силна порака дека треба да се поттикне синергијата помеѓу луѓето и локациите, и да се искористи нивната експертиза, креативност и посветеност при подигање на свеста за одржлива мобилност и  при промоција на промени во однесувањето во корист на активна мобилност. Овогодинешната тема ја одразува потребата на сите жители во Европа, да си помогнеме меѓусебно и да создадеме услови каде јавниот превоз, пешачењето и возењето велосипед се одржливи опции за сите. 

Како национален координатор, Министерството за животна средина и просторно планирање, покрај градовите, од кои секој поодделно се носители и организатори на активностите во своите урбани средини, ги поканува и сите граѓани, невладини организации, општествено одговорни компании и целиот цивилен сектор во нашата држава, да се приклучат во оваа европска кампања. Воедно, МЖСПП ги повикува сите чинители на општествениот живот во текот на овие 7 дена да ги споделат своите најдобри практики за урбана мобилност и да преземаат чекори и мерки кои ќе овозможат јаглеродно неутрална средина (односно јаглеродно неутрален континент) што е и долгорочната цел на Европската недела на мобилност, и да се приклучат во одбележувањето на 22 Септември - Денот без автомобили, со затварање на главните улици за сообраќај и организирање на велосипедско дефиле. 

До денес, за учество во одбележување на Европската недела на мобилност 2025 во нашата држава, се вклучија градовите Велес, Струмица, Прилеп, Струга, Кавадарци, Кочани и Тетово, а останатите градови сеуште имаат можат да се пријават на https://registration.mobilityweek.eu/login.php?lang=mk.

Како информација, во Европската недела на мобилност со свои активности низ цела Европа и светот оваа година на стартот на неделата се пријавени 2010 градови од 44 држави од Европа и светот.

 

Submitted by alfa4 on 16.09.2025 - 13:23