
Скопје, 22.09.2025 По барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Факултет за природни и технички науки, Лабораторија АМБИКОН, изврши индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 во зоната на Трубарево, во периодот 14-18 септември 2025 година.
Мерни места се локацијата ММ1-АК, одалечена 50 метри од пожарот и локацијата ММ2-АК, 150 метри од пожарот, во дворот на основното училиште на селото.
Клучни резултати од мерењета се просечни концентрации PM10: 36–44 µg/m³, сите во рамки на дозволената 24-часовна гранична вредност од 50 µg/m³.
Материите содржани во честичките (Na, Mg, Al, Si, S, K, Ca, Fe, Cu, Zn, Pb и други) се во рамки на нормалните вредности за урбани средини.
Концентрациите на PM10 се безбедни и не ја надминуваат законската граница. Се препорачува континуиран мониторинг во близина на местото на пожарот, особено при активности за чистење и рехабилитација на локацијата.
Резултатите се однесуваат исклучиво за наведените локации и период на мерење и можат да се користат само во целост.
Министерството ќе продолжи со редовно следење на квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста.