Состанок на Управувачки Комитет на двегодишниот проект за „Поддршка на пристапувањето кон ЕУ во областа животна средина – Фаза 2“

Новости
Зајакнување на институционалните капацитети на МЖСПП во координирањето и управувањето со процесот на пристапување кон Европската Унија, во секторот за животна средина
Состанок на Управувачки Комитет
23.09.2025

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес го отвори првиот Управувачки  Комитет на проектот „Поддршка за пристапување на ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2“, на кој беа реферирани досегашните активности предвидени во рамки на овој проект, кој е финансиран од Шведската агенција за заштита на животната средина (SwEPA), врз основа на потпишан Меморандум за соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, за реализирање на двегодишна програма.

„Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со спроведувањето на националната законодавна рамка и меѓународните договори за заштита на животната средина и климатските промени, продолжува да реализира широк спектар на активности насочени кон зачувување на биодиверзитетот и унапредување на националниот систем на заштитени подрачја.“

- истакна Лашкоска во својот говор, отворајќи го состанокот на Управувачкиот комитет на проектот.

Главната цел на овој значаен проект е зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за животна средина и просторно планирање во координирањето и управувањето со процесот на пристапување кон Европската Унија, во секторот за животна средина. Дополнително, проектот обезбедува поддршка за преговорите од Поглавјето 27 и поттикнува меѓусекторска соработка меѓу министерствата, донесувачите на одлуки и заинтересираните страни на локално, национално и регионално ниво, со цел да се олесни ефективното управување со биодиверзитетот и напорите на нашата држава, за адаптација кон климатските промени.

Активностите ќе бидат насочени кон градење капацитети и поттикнување на партнерства и соработка меѓу сите засегнати страни, со цел ефективно управување со биодиверзитетот и подобрување на напорите за адаптација кон климатските промени. На состанокот беше нагласено значењето на шведската поддршка во процесот на нашата европска интеграција.

Заменик министерката ја потврди посветеноста на Министерството за животна средина и просторно планирање, за континуирано спроведување на активности што ќе придонесат за исполнување на европските стандарди во областа на животната средина.

Галерија
Submitted by alfa4 on 23.09.2025 - 17:23