МЖСПП постави електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во Шар Планина

Новости
Министерството за животна средина и просторно планирање го презеде првиот практичен чекор во спроведувањето на Националниот акционен план за кафеавата мечка, со поставување на соларни електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите
МЖСПП постави електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во Шар Планина
09.06.2025

Скопје, 09.06.2025 Министерството за животна средина и просторно планирање го презеде првиот практичен чекор во спроведувањето на Националниот акционен план за кафеавата мечка, со поставување на соларни електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во селата на Шар Планина.

Овие модерни огради, финансирани од WWF Хрватска (Светски фонд за природата) и во соработка со Националниот парк „Шар Планина“, се поставени кај пет земјоделци и пчелари кои се соочуваат со штети предизвикани од диви животни како мечките и волците. Целта е јасна: да се заштитат добитокот, пчеларството и земјоделските култури, со намалување на конфликтите помеѓу луѓето и дивите животни. Оваа превентивна технологија со години успешно се користи во земјите на Европската Унија и претставува одржливо решение кое ги почитува потребите на заедницата и природата.

Спроведувањето на овој план е дел од ИПА проектот на Европската Унија и претставува значаен чекор кон:

  • Зачувување на биодиверзитетот;
  • Заштита на загрозените видови; и
  • Подобрување на условите за живот на локалните заедници кои живеат во близина на живеалиштата на мечките.

Преку оваа акција, Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да обезбеди директна поддршка за жителите кои се соочуваат со конкретни предизвици на терен.

Галерија
Submitted by alfa4 on 09.06.2025 - 16:10