Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов денес присуствуваа на официјалниот почеток на градежните активности за изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација во Урбан Блок 4.4. во општина Гевгелија.
Денеска, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, се одржа свечен настан по повод потпишувањето на договори за реализација на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“.
Министерството за животна средина и просторно планирање го најави официјалниот почеток на реализацијата на проектот за проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Битола, еден од клучните еколошки проекти во државата.
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.
Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на предлог проекти што ќе се финансираат од дел III, точка 1, точка 2, точка 3 и точка 4
Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода) од Програма за управување со водите за 2025година. (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.29/25) на 11.02.2025 година