Соопштение
28.05.2025
Ве информираме дека утре, четврток, 29 мај 2025 година, со почеток во 09:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе учевствува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA).
Меџити: Помалку загадување, повеќе слобода
27.05.2025
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес пред Владата го промовираа новиот концепт за споделување возила – Car Sharing. Оваа услуга претставува значаен чекор кон одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето во земјата.
Меџити: Во Чаир отпочнува со реализација мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра
15.05.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир
Реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска
14.05.2025
15.05.2025, четврток, со почеток во 12.00 ч., во Чаир, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во придружба на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, ќе присуствува на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, во вредност од 88 милиони денари, владин грант
МЕЏИТИ: Со работата и посветеност промената се забележува во секој дел од Тетово
14.05.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со градоначалникот на Тетово Биљал Касами присуствува на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во населбата Вонвардарска во должина од 2600 метри.