Денеска, во повеќе општини во државата, како и во цела Европа, под мотото "Комбинирај и движи се" започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Мобилност за сите“.
Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.
Пожарот кој вчера избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад во село Трубарево е целосно изгаснат и локализиран. Борбата траеше повеќе од 15 часа, и екипите од повеќе институции со интензивна и координирана борба успеаја да спречат неково ширење.
Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека денес избувна пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад.
Студија за оцена на влијание врз животната средина за проект – Депонија за складирање на отпад од цементно азбестни плочи во кругот на РЕК Битола во општина Новаци, за потребите на инвеститорот “ВАТРОСТАЛНА“ ДОО од Скопје
Ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци дека поради реконструкција на кружниот тек на раскрсницата помеѓу Западен Булевар и Булевар Моша Пијаде, инструментите од мониторинг системот се исклучени до завршувањето на градежните работи.
Домаќин на Светскиот ден на животната средина во 2024 година е Кралството Саудиска Арабија, со фокус на обновувањето на земјиштето, опустинувањето и отпорност на сушата. Реставрацијата на земјиштето е клучен столб на Декадата на ОН за обнова на екосистемот (2021-2030)
Денес, на тврдината „Кале“ и официјално се означи започнувањето на најголемата и најмасовна волонтерска акција за собирање и чистење на отпадот, “Генералка Викенд”, која по 4-ти пат ја организира компанијата ‘’МЕН & МАУНТАИН” заедно со партнерите на територијата на целата држава.