Меџити и денеска го посети опожареното складиште во Трубарево

Новости
Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа
14.09.2025

Скопје, 14.09.2025 Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.

Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.

Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.

Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.

Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.

Галерија
Submitted by alfa4 on 14.09.2025 - 18:28