Соопштенија

Сите соопштенија од страна на органот, информации до јавност, медиуми и сите општи облигаторни информации
Соопштенија
  • 28.12 2024
    Во однос на реализацијата на проектот „ Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ кое минува низ неколку населени места на општината, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во моментот се чека согласност од Владата на Република Северна Македонија по доставена Информација за измена на динамика и вредност на проектот на повеќегодишна јавна набавка за финансирање.
  • 25.12 2024
    Министерот за животна средина и просторно планирање донесе УПАТСТВО за постапување на општините, општините во градоот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила.
  • 23.12 2024
    Почитувани, Ве покануваме на настан кој ќе се одржи денес, понеделник, 23 декември 2024 година, во 11:15 часот, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија. Настанот е по повод заедничка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
  • 19.12 2024
    Ве информираме дека утре, (20.12. 2024), петок со почеток во 11:00 часот , првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе го посети претпријатието Русино во Гостивар, каде ќе се сретне со менаџментот на претпријатието, и заедно ќе ја посетат депонијата Русино.
  • 17.12 2024
    Почитувани медиуми, ве известуваме дека првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити утре (18.12.2024) со почеток во 11:30 часот во салата Аркадија, хотел Лимак во Скопје, ќе учествува на една конференција за иницијативата: „Еден милион садници за пет години“.
  • 17.12 2024
    Почитувани медиуми, Ве известуваме дека првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити утре (18.12.2024) со почеток во 10:00 часот во Хотел Мариот во Скопје, ќе учествува на една конференција за квалитет на воздух.
  • 17.12 2024
    Ве информираме дека денес, (17.12. 2024),вторник, со почеток во 14:00, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе биде дел од акцијата за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош.
  • 16.12 2024
    во врска со настанатиот проблем со депонирањето на комуналниот отпад и управувањето со комуналната депонија во Општина Кочани, како вклучена страна во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион, информираме дека на ден 17.12.2024 (вторник) со почеток во 17h, во просториите на Мултикултурен центар во Општина Кочани, ќе се одржи средба на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Општина Кочани, Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи – Кочани и граѓаните.
  • 16.12 2024
    Почитувани медиуми, Ве известуваме дека првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес (16.12.2024) во 10:00 часот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе учествува на трибината насловена „За студентски и универзитетски прашања“.