Од огнена стихија загрозен Пaркот на природата Езерани

Новости
Изминатите денови ова подрачје се соочи со сериозни пожари кои оставија значителни последици врз овој исклучително важен природен еко-систем
Од огнена стихија загрозен Пaркот на природата Езерани
24.07.2025

Министерството за животна средина и просторно планирање изразува длабока загриженост за состојбата со пожарот во заштитеното подрчајe Парк на природата "Езерани". Изминатите денови ова подрачје се соочи со сериозни пожари кои оставија значителни последици врз овој исклучително важен природен еко-систем. Гореше трска, сува вегетација, земјоделски насади и овоштарници и делови од мочуришниот предел, што доведе до уништување на природни живеалишта, гнезда на птици и нарушување на биолошката рамнотежа во едно од најзначајните заштитени подрачја во Преспанскиот регион.

Овој заштитено подрачје претставува живеалиште на бројни загрозени и ретки видови кои се од национално и меѓународно значење а воедно e и Рамсар подрачје и е дел од идната ЕУ Натура 2000 мрежа. Пожарите, кои највероватно се резултат на човечка негрижа или намерно подметнување предизвикаа сериозно наружување на природната рамнотежа на овој уникатен еко-систем.

Бараме од надлежните институции итна истрага и казнување на одговорните за предизвиканата еколошка штета.

Министерството во иднина сериозно ќе се заложи за преземање на итни мерки и активности во соработка со управувчаот на заштитеното подрчје Општина Ресен, за проценка на загубата на екосистемот од пожарот како и реставрација и ревитализација на овој значаен еко-систем преку обновување на природните живеалишта, затоа што природното богаство во Езерани кој е наш заеднички природен ресусрс и одговорност.

Submitted by alfa4 on 24.07.2025 - 15:15