ПОКАНА ЗА МЕДИУМИ, Потпишување на грант-договор со ЕБРД

Announcements
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран
Министерство за животна средина и просторно планирање
15.07.2025
Покана до медиуми

Локација: Министерство за животна средина и просторно планирање, сала за состаноци, 7. кат
Датум: 15 јули 2025 (вторник)
Време: 15:30 часот

Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.

На настанот ќе се обратат:

  • Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање,
  • Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија.
  • Билјана Милошеска, ЕБРД

Грантот во вредност до 2 милиона евра, е наменет за спроведување на физибилити студии и анализи за животната средина и социјални аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион.

Покануваме новинари, сниматели и фотографи да присуствуваат на овој настан.

Submitted by alfa4 on 15.07.2025 - 10:04