Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска го посети Арачиново по повод финализирањето на проектот за „Регулација на дел од одводен канал во Арачиново“. Проектот е целосно финансиран од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 63,9 милиони денари.