Скопје, 12 мај 2025 г. Министерството за животна средина и просторно планирање започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата.
Скопје, 09 мај 2025 г. Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, се приклучи на националната акција за чистење „Генералка викенд“
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а нашата земја е единствена во регионот што има пристап до овие средства.
Информација за одржување на јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект - Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ од Скопје
Ве известуваме дека Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди учество на нашата земја во сите повици во рамките на ЕУ програмата LIFE.
Во Министерството за животна средина и просторно планирање, секојдневно активно работиме на носење и усвојување на клучни закони кои ќе донесат долгорочни решенија за чист воздух, чиста вода, заштита на природата и модерно управување со отпадот.