Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а нашата земја е единствена во регионот што има пристап до овие средства.
Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно работи на усвојување на клучни законски решенија кои ќе овозможат долгорочна и системска заштита на животната средина во нашата држава.
Оваа година Македонија е едно големо градилиште. Од Кривопаланечко до Ресенско, од Тетовско до Долненско, од Дебарско, до Струмичко – каде и да одите, ќе наидете на сигнализација за градилиште. Тоа не е случајност, тоа е план.
Информација за одржување на јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект - Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија во општина Новаци, за потребите на инвеститорот АД “ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ од Скопје
Ве известуваме дека Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди учество на нашата земја во сите повици во рамките на ЕУ програмата LIFE.
Во Министерството за животна средина и просторно планирање, секојдневно активно работиме на носење и усвојување на клучни закони кои ќе донесат долгорочни решенија за чист воздух, чиста вода, заштита на природата и модерно управување со отпадот.
Денес, на тврдината „Кале“ и официјално се означи започнувањето на најголемата и најмасовна волонтерска акција за собирање и чистење на отпадот, “Генералка Викенд”, која по 4-ти пат ја организира компанијата ‘’МЕН & МАУНТАИН” заедно со партнерите на територијата на целата држава.
Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска учествуваше на Завршната сесија на Климатското Собрание на Скопје.
Министерката Каја Шукова, учестува на министерска конференција што денес се одржува во Виена, Австрија. Конференцијата е во организација на Проектот „Транзиција кон ниски емисии и климатски отпорна економија во Западен Балкан и Туркије“ – TRATOLOW