Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес присуствуваа на увид во моменталната состојба во која се наоѓа “хидросистемот Ѓавато”, кој во 2002 година беше направен за да се полни со вода Дојранското Езеро.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.
Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на предлог проекти што ќе се финансираат од дел III, точка 1, точка 2, точка 3 и точка 4
Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода) од Програма за управување со водите за 2025година. (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.29/25) на 11.02.2025 година
Ве информираме дека на 9 февруари 2018 година (петок) министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки ќе се обрати на промоцијата на резутати на ИПА проектот „Реконструкција на канализационата мрежата во Куманово“
Ве известуваме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, ќе престојува во Подгорица, Црна Гора во периодот од 7-9 февруари.