Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес присуствуваа на увид во моменталната состојба во која се наоѓа “хидросистемот Ѓавато”, кој во 2002 година беше направен за да се полни со вода Дојранското Езеро.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.
Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на предлог проекти што ќе се финансираат од дел III, точка 1, точка 2, точка 3 и точка 4
Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода) од Програма за управување со водите за 2025година. (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.29/25) на 11.02.2025 година
Министерството за животна средина и просторно планирање креираше низа на приоритетни активности насочени кон унапредување на професионалноста на службените лица и доследно почитување на законската регулатива како и санкционирање на сите форми и облици на коруптивно однесување
Идентификувајќи ја потребата за ефикасна борба против корупцијата, Министерството за животна средина и просторно планирање креираше низа на приоритетни активности насочени кон унапредување на професионалноста на службените лица