Скопје, 15 август 2025 – Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството, истакна дека ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот со нова опрема и технологии.
Денес,во просторите на Министерството за животна средина и просторно планирање на Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање, Ане Лашкоска одржа средба со Н.Е. Кавахара Сецуко, вонреден и ополномоштен амбасадор на Јапонија во нашата држава
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов денес присуствуваа на официјалниот почеток на градежните активности за изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација во Урбан Блок 4.4. во општина Гевгелија.
Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на настанот по повод потпишувањето на грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.
Министерството за животна средина и просторно планирање донесе Одлука за избор на предлог проекти што ќе се финансираат од дел III, точка 1, точка 2, точка 3 и точка 4
Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти и Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода) од Програма за управување со водите за 2025година. (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.29/25) на 11.02.2025 година