СООПШТЕНИЕ- ДЕПОНИЈА СТРУГА

Новости
општините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија
1
24.09.2025
Oпштините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија

Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Согласно Националниот план за управување со отпад 2021–2031 и регионалните планови, општините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија.

Во моментот се работи на воспоставување на регионален центар за обработка и систематизирање на отпад, кој ќе обезбеди трајно и системско решение за управување со отпадот во регионот.
Сепак, додека овој центар не биде изграден и ставен во функција, општина Струга има должност редовно да ја одржува и исчисти постојната депонија, со цел да се спречат дополнителни еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува достапно за поддршка во рамки на своите надлежности, но одговорноста за редовното управување и одржување на депонијата е на локалната самоуправа.

Submitted by almin on 24.09.2025 - 15:09