
Скопје, 17.09.2025 Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.
Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀):
- просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³,
- максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³,
- моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³.

Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови.
Министерството останува посветено на транспарентно информирање на јавноста и редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.