Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, оствари работен состанок со Рита Колумбија, Постојана координаторка на Обединетите Нации, и со Емилија Симоновска, проект-менаџерка на УНОПС во нашата држава.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.
Пожарот кој вчера избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад во село Трубарево е целосно изгаснат и локализиран. Борбата траеше повеќе од 15 часа, и екипите од повеќе институции со интензивна и координирана борба успеаја да спречат неково ширење.
Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека денес избувна пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад.