Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, оствари работен состанок со Рита Колумбија, Постојана координаторка на Обединетите Нации, и со Емилија Симоновска, проект-менаџерка на УНОПС во нашата држава.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок Со Унијата за здруженија на таксисти го претстави проектот за субвенционирање на првите 200 електрични возила за таксисти
Пожарот кој вчера избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад во село Трубарево е целосно изгаснат и локализиран. Борбата траеше повеќе од 15 часа, и екипите од повеќе институции со интензивна и координирана борба успеаја да спречат неково ширење.
Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека денес избувна пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад.
Денес, на тврдината „Кале“ и официјално се означи започнувањето на најголемата и најмасовна волонтерска акција за собирање и чистење на отпадот, “Генералка Викенд”, која по 4-ти пат ја организира компанијата ‘’МЕН & МАУНТАИН” заедно со партнерите на територијата на целата држава.
Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска учествуваше на Завршната сесија на Климатското Собрание на Скопје.
Министерката Каја Шукова, учестува на министерска конференција што денес се одржува во Виена, Австрија. Конференцијата е во организација на Проектот „Транзиција кон ниски емисии и климатски отпорна економија во Западен Балкан и Туркије“ – TRATOLOW