Приоритетни акции во секторот за климатски промени

Имплементација на приоритетни акции во секторот за климатски промени - NEAR/SKP/2022/EA-RP/0108
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот

Општата цел на овој проект е да придонесе за понатамошно усогласување со ЕУ законодавството за климатските активности и да создаде поволна средина за успешно спроведување на приоритетните активности за ублажување развиени во рамките на долгорочната стратегија за климатска акција. 

Целта на операцијата е спроведување на листата на приоритетни акции утврдена со долгорочната стратегија за климатски акцијаи Акцискиотплан за спроведување на Стратегијата за периодот до 2030 година (вклучувајќи го и Патоказот за имплементација на Законот за климатска акција).Предложените активности треба да се гледаат како пакет на правни и меѓуинституционални инструменти за интегрирана климатска акција.

Проектни компоненти-резултати

Резултат 1: Компаративна анализа помеѓу националната и ЕУ правната и политичка рамка за климатските акции и препораки за понатамошно усогласување.

Резултат 2: Развиен механизам за емисии на стакленички гасови од стационарни инсталации

Резултат 3: Развиен систем за следење/известување/верификација (MRV) за политиките и мерките.

Резултат 4: Засилено партнерство за креирање научна политика за климатска акција.

Резултат 5: Вклучување на климатските политики и мерки на локално ниво и зајакнување на граѓанскиот ангажман.03182023

Lloji i projektit
Marrëveshja e Shërbimeve
Vlera e projektit
1.360.000 eur
Data e fillimit
Data e përfundimit
Statusi
Aktuale
Корисници на проектот
WEGLOBAL S.R.L (IT) in consortium with Association Centre Interprofessionel Technique d’Etudes de la Pollution Atmospherique (CITEPA) (FR)
Tecnica y Proyectos, S.A. (TYPSA (ES), AGRER S.A-N.V (BE) and capacity provider WEglobal (TR)
Краен корисник
Министерството за животна средина и просторно планирање;
Министерство за економија;
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Министерство за финансии;
Министерство за транспорт и врски;
Министерство за образование и наука;
Стопанска комора;
Единиците на локалната самоуправа;
Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС);
НВО;
Галерија
Зелен договор