Меџити на MEF 2025

News
„Енергетската транзиција мора да оди рака под рака со еколошката правда и јавниот интерес“
Меџити на MEF 2025
16.06.2025
MEF Energy Forum 2025 –регионален форум посветен на енергетската транзиција и климатските предизвици во Западен Балкан

Скопје, 16 јуни 2025 –Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска се обрати на свеченото отворање на MEF Energy Forum 2025 –регионален форум посветен на енергетската транзиција и климатските предизвици во Западен Балкан.
Во својот воведен говор, министерот Меџити испрати јасна порака дека „енергетската иднина на регионот не смее да се гради на штета на животната средина, здравјето на граѓаните и социјалната правда.“

„Западен Балкан нема луксуз да избира меѓу економски развој и еколошка одржливост. Двете мора да одат заедно – или нема да одиме никаде,“

  - рече Меџити пред учесниците на форумот.

Тој исто така посочи дека Министерството за животна средина и просторно планирање, веќе работи на усогласување на националната еколошка и енергетска рамка со Европскиот зелен договор и глобалните цели од Парискиот договор. Но, истовремено и предупреди дека имплементацијата мора да биде: брза, фер и транспарентна бидејќи како што кажа тој последиците од климатските промени веќе ги чувствуваме, а транзицијата не смее да ги остави најранливите заедници зад себе.

На крајот од своето обраќање, министерот упати повик за регионално здружување, инвестирање во чисти технологии и конкретни резултати наместо декларативни заложби:

„Не можеме да зборуваме за енергетска сигурност ако истовремено ги труеме реките, воздухот и земјата. Не ни требаат само добри намери, туку и храбри политики. Граѓаните очекуваат резултати, а оваа тема бара акција час поскоро“

MEF Energy Forum 2025 се одржува во Скопје под организација на ZIP Institute, со поддршка од Владата на Република Северна Македонија и повеќе меѓународни партнери.

Submitted by alfa4 on 16.06.2025 - 16:34