Оглас за ангажирање на национални експерти преку проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива“

Announcements
Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органки загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за
МЖСПП
12.06.2025

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органки загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локација контаминирана со жива“. Проектот има за цел зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива преку ажурирање на постоечките инвентари на жива, идентификување на националните приоритети во управувањето со живата, усвојување на сеопфатен Национален план за имплементација и детална стратегија за проценка на локациите загадени со жива.

Јавниот оглас се однесува на следнава позиција:

  1. Национален експерт - за стручен надзор на детално истражување

Локација: Скопје 

Времетраење: 4 месеци сметано од денот на потпишувањето на договорот за ангажирање

Основна плата: 56.000 денари бруто (предмет на персонален данок на доход)

Опис на работното место и главни задачи:

Националниот експерт ќе биде ангажиран за период од 4 месеци, за реализација на активности поврзани со четвртата компонента од проектот „Стратегија за идентификација на контаминирани локации/подрачја со жива“. Улогата на националниот експерт е да обезбеди стручен надзор на активностите поврзани со детално истражување на контаминирана локација со жива во ОХИС, а со цел извршеното истражување да резултира со релевантни податоци за присуството, природата и обемот на потенцијалното загадување на животната средина со хемикалиите од интерес.

Во тесна координација со членовите на Проектниот тим, националниот експерт ќе им помогне на проектните партнери во спроведувањето на проектните активности и резултати преку извршување на следново:

  • Учество во евалуација на понудите во поглед на исполнување на условите за квалитетен избор (бодирање на понудите согласно критериумите за избор на најповолна понуда дадени во тендерската документација).
  • Надзор (супервизија, евалуација и верификација) на активностите кои треба да бидат извршени од страна на Извршителот на истражувањето во ОХИС со цел потврда дека извршените услуги се во согласност со техничките спецификации наведени во тендерската документација за извршување на истражување во ОХИС.

Извршителот на услугата треба да ги изврши следниве задачи:

  1. Евалуација на Планот за примеркување, Планот за здравје и безбедност и Планот за одговор при итни случаи доставени од страна на Извршителот на истражувањето;
  2. Надзор на проценката на подземната инфраструктура, на собирањето примероци од седименти;
  3. Надзор на проценката на градежните материјали, верификација на 3D скенирањето, верификација на отчитувањата на рендгенска флуоресценција (XRF), верификација на видот и бројот на земени примероци за лабораториска анализа;
  4. Надзор на проценка на квалитетот на горниот слој на почва, поставувањето бушотини, верификација на видот и бројот на земени примероци за лабораториска анализа од почвен гас и почва, верификација на пополнувањето на сондите/бушотините со ископаниот материјал;
  5. Надзор на ажурирањето на бунарите за мониторинг на подземните води, верификација на бројот на земени примероци за лабораториска анализа; 
  6. Верификација на видот и бројот на испратени примероци за лабораториска анализа; 
  7. Евалуација на работните и последователно на финалните верзии од извештаите доставени од Извршителот на истражувањето, и тоа: Извештај од деталното истражување на локацијата, вклучувајќи ја и документацијата на податоците, како и од ажурираната проценка на ризикот на локацијата и предложените опции за ремедијација на локацијата. 

Извршителот на услугата има право да ги прекине активностите на Извршителот на истражувањето доколку забележи дека истите не се во согласност со техничките спецификации наведени во глава 9 „Технички спецификации“ од тендерската документација за јавна набавка за извршување на анализи во локацијата кај постројката за електролиза. За воочените недоследности Извршителот на услугата е должен да го информира Нарачувачот на услугите, кој пак ќе организира состанок со сите инволвирани страни со цел надминување на спорните моменти. По постигнување на заедничка согласност Извршителот на истражувањето може да продолжи со активностите.

НАПОМЕНА: Предметните задачи на експертот ќе започнат откако ќе заврши процесот на избор на изведувач на деталното истражување и ќе биде избран најдобриот понудувач

Потребни квалификации

Општи услови:

  • Државјанство на Република Северна Македонија; 
  • Да има општа здравствена способност за работното место,
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: 

  • Магистер или Доктор на науки во областа на хемиските науки, технологија, животна средина или машинство; 
  • Најмалку 10 години искуство и одлично експертско познавање во областа на животна средина, управување со хемикалии и со искуство во аналитичка хемија и изработка на инвентари на хемикалии, а особено на инвентари на жива; 
  • Познавање на целиот животен циклус на хемикалиите во индустриските процеси;
  • Искуство во примеркување на различни медиуми на животната средина;
  • Искуство во спроведување на Меѓународните конвенции за хемикалии, а особено на Минамата конвенцијата за жива. Учеството во работата на работни групи на Минамата конвенцијата ќе се смета за предност;
  • Познавање на меѓународните прирачници за еколошки прифатливо управување со отпад кој содржи или е контаминиран со жива или живини соединенија, а особено прирачникот од UNEP „Прирачниик за идентификација и квантификација на ослободувањата на жива“.


 

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Пријавите треба да бидат поднесени на англиски јазик и истите треба да ги вклучат следните документи:

  • Мотивациско писмо не подолго од една страна, во кое ќе се наведат главните причини за аплицирањето;
  • Биографија во стандардизиран Europass формат;
  • 1 (една) препорака од претходни ангажмани на исти/сродни позиции.

Пријавите се поднесуваат по електронски пат на следната адреса: s.andonova@pops.org.mk

Рокот за пријавување е 23.06.2025 год. до 23:59 часот (Средноевропско време).

Кандидатите ќе бидат евалуирани врз основа на претходно утврдена методологија, во рок од 5 работни дена од завршувањето на .огласот. Овој рок може да биде продолжен во случај на поголем број на добиени апликации.

Submitted by alfa4 on 12.06.2025 - 13:03