Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура, го забрзуваат економскиот развој

News
Kонференцијата на тема „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“
Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура, го забрзуваат економскиот развој
16.05.2025

Скопје, 16.05.2025 г. Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше на конференцијата на тема „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“, на која ја истакна важноста на изградбата на одржлива инфраструктура, како неопходност а не избор.

Меџити на конфернцијата на која присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, рече дека зелената инфраструктура е глобален предизвик кој бара колективна акција, визија и соработка.

‘Начинот на кој ги обликуваме нашите инфраструктурни проекти директно влијае врз квалитетот на животот, економската стабилност, заштитата на животната средина и отпорноста на нашите заедници на климатските промени. Стратешките инвестиции во инфраструктура која ги зема предвид климатските ризици и аспектите на биолошката разновидност претставуваат моќна алатка за забрзување на економскиот развој, создавање нови зелени работни места, поттикнување на иновации и исполнување на cелите за одржлив развој до 2030 година’ изјави Меџити.

Меџити ја истакна важноста на интегрирањето на климатските и еколошките аспекти во процесот на планирање и проценка на влијанието врз животната средина, додавајќи дека овозможува носење информирани и долгорочно одржливи одлуки.

‘Инфраструктурата која е отпорна на климатски шокови, не само што го заштитува буџетот и јавните ресурси, туку придонесува за стабилност и сигурност за идните генерации, а чекори кои треба дасе превземаат се градење и адаптација на системи за управување со ризици кои ќе нè подготват за климатските предизвици, трансформација на енергетскиот сектор кон обновливи извори, модернизација на земјоделството преку ефикасни системи за наводнување и климатски паметни практики, и унапредување на енергетската ефикасност и сеизмичката отпорност на објектите’

- рече Меџити.

Денешниот настан беше организиран од Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – IPECC Скопје, кој се залага за унапредување на зелените инвестиции преку нивно интегрирање во стратегиите за животна средина.

Gallery
Submitted by alfa4 on 16.05.2025 - 13:32