Овој индикатор ги следи трендовите на индустриските емисии на загадувачки на воздухот за период од 2010 година до 2022 година при што 2010 година е земена како референтна година. Индикаторот ги вклучува трендовите на емисии на сулфурните оксиди (SOx), азотните оксиди (NOx), тешки метали (Cd, Hg, Pb), NMVOC (испарливи органски соединенија кои не содржат метан) и цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM10) емитирани од индустриските капацитети во целата земја вклучувајќи ги и капацитетите за производство на топлина и електрична енергија. Соодветно за истите загадувачки супстанции направена е споредба на промената во емисиите во нашата земја со државите вклучени во ЕУ 27 за 2022 година во однос на 2010 година земена како референтна година.
Количина на емисии во воздухот од сектор индустрија - процентуална промена во однос на 2010 година која е земена како референтна година.
Бруто додадената вредност (БДВ) - процентуална промена во однос на 2010 година која е земена како референтна година.
Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на загадувачките супстанци кои произлегуваат од индустриските капацитети во Република Северна Македонија?
Обработката на податоците за емисии на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 за периодот 2010 до 2022 година покажува тренд на опаѓање со евидентирани варирања кои директно зависат од активноста на индустриските капацитети во државата и користењето на суровина за согорување (јаглен, мазут, природен гас итн). Во подготовката на индикаторот земени се предвид податоци за емисии на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 за период од 2010 до 2022 година од постоечкиот инвентар на загадувачки супстанци во воздухот кои се известуваат кон Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето и Европската агенција за животна средина, при што 2010 година е земена како референтна година.
Трендот на количината на емисии на NOx за периодот 2010 – 2022 во споредба со референтната година 2010 бележи значително опаѓање освен за 2011 и 2019 година кога е забележан мал пораст на емисиите. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NOx изнесува околу 38% од вкупните национални емисии во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 62%.
Количината на емисиите на NMVOC за периодот 2010 – 2022 има релативно стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NMVOC изнесува околу 68% од емисиите во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 32%.
Количината на емисиите на SOx за периодот 2010 – 2022 има тренд на намалување до 2017, и потоа од 2020 година во споредба со референтната година 2010. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на SOx изнесува околу 108% од вкупните национални емисии во 2010 година, што претставува зголемување на емисиите за 8%.
Количината на емисиите на PM10 за периодот 2010 – 2022 има тренд на има значително зголемување до 2013, а потоа драстично опаѓање до крајот на периодот на набљудување. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на PM10 изнесувале околу 21% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 79%.
Количината на емисиите на тешките метали (Pb, Cd и Hg) има стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на тешки метали (Pb, Cd, Hg) изнесувале околу 28% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 72%.
Согласно споредбата на промената во емисиите на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 од нашата земја со оние на ЕУ 27 за 2022 година во однос на 2010 година (земена како референтна) се забележува намалување на емисиите за сите параметри освен за SOx каде има зголемување до околу 10%.
Во 2022 подготвена е ИСКЗ Дозвола за РЕК Битола со која се обврзува инсталацијата да врши мерења на емисиите како и да преземе активности за намалување на емисиите на штетните гасови во воздухот. Една активност е имплементирање на процес за десулфуризација на издувните гасови. За овој процес изработена е Физибилити студија каде се предвидува десулфуризацијата да се постигне со примена на влажна постапка, која преставува оптимално решение и најсоодветна за постојниот технолошки процес и опремата што ја поседува инсталацијата. Со реализација на оваа активност се очекува значително намалување на емисиите на SOx во воздухот.
Законот за контрола на индустриски емисии (транспониран од Директивата за индустриски емисии 2010/75/ЕУ ), кој се очекува да биде донесен 2025 година, има за цел да обезбеди услови кои се потребни за интегрирано спречување и контрола на загадувањето предизвикано од индустриски активности, како и да обезбеди услови за спречување, или доколку тоа не е возможно намалување на емисиите во воздух, вода и почва и спречување на создавање на отпад, со цел да се постигне високо ниво на заштита на животната средина како целина.
Поголемиот дел од индустриските активности опфатени со Законот за контрола на индустриски емисии мора да се усогласат со НДТ заклучоците што ќе придонесе до подобра контрола на инсталациите и во исто време ќе се зајакне и мониторингот на инсталациите за емисиите во сите медиуми.
Кои различни сектори се вклучени во овој индикатор и имаат учество во зголемување или намалување на емисиите во воздух?
Секторите кои се вклучени во овој индикатор се:
- 1А1 - Јавно производство на електрична енергија и топлина
- 1А2 - Стационарно согорување во производствени индустрии и градежништво: Железо и челик
- A12b - Стационарно согорување во производствени индустрии и градежништво: обоени метали
- 1A2gviii - Стационарно согорување во производствени индустрии и градежништво: Други
- 1B1a - Фугитивна емисија од цврсти горива: Ископ и ракување со јаглен
- 2A1 - Производство на цемент
- 2C1 - Производство на железо и челик
- 2C2 - Производство на феролегури
- 5C1biii - Согорување на медицински отпад
Во Графикон 1, прикажани се загадувачките супстанци кои се очекуваат од секој сектор поединечно и за кои е извршена анализата за овој индикатор.
Графикон 1 Загадувачки супстанци кои се очекуваат од секој сектор одделно
Сектор |
NOx (as NO2) |
NMVOC |
SOx (as SO2) |
PM10 |
Pb |
Cd |
Hg |
1A1a |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
1A2a |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
1A2b |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
1A2gviii |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
1B1a |
NA |
x |
NA |
x |
NA |
NA |
NA |
2A1 |
NA |
NA |
NA |
x |
NA |
NA |
NA |
2C1 |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
x |
2C2 |
NA |
NA |
NA |
x |
NA |
NA |
NA |
5C1biii |
x |
x |
x |
NA |
x |
x |
x |
Со колкава количина на емисии на загадувачки материи (NOx, NMVOC, SOx, PM10, Pb, Cd, Hg) учествуваат секторите опфатени во овој индикатор во однос на вкупните емисии на истите загадувачки материи за периодот од 2010 - 2022?
Направен е преглед на уделот на емисиите на секоја загадувачка супстанца во воздухот од секторите кои се дел од овој индикатор во вкупните емисии на истата загадувачка супстанца за секоја година одделно. Прегледот е прикажан во Графикон 2.
Графикон 2 Учество на количината на емисиите во воздухот од сектор индустрија опфатени во овој индикатор во однос на вкупните емисии за секоја година одделно за периодот од 2010 – 2022
Година |
NOx |
NMVOC |
SOx |
PM10 |
Pb |
Cd |
Hg |
/ |
% |
% |
% |
% |
% |
% |
% |
2010 |
71,18 |
8,12 |
97,42 |
61,71 |
85,29 |
49,80 |
89,90 |
2011 |
72,78 |
8,76 |
98,21 |
67,37 |
86,54 |
51,79 |
91,10 |
2012 |
70,29 |
8,71 |
98,68 |
64,78 |
83,36 |
49,14 |
91,12 |
2013 |
62,04 |
7,82 |
99,08 |
66,56 |
78,30 |
45,49 |
89,88 |
2014 |
49,54 |
7,45 |
99,37 |
54,15 |
80,60 |
46,32 |
90,25 |
2015 |
52,76 |
7,09 |
99,32 |
49,37 |
79,02 |
43,81 |
90,20 |
2016 |
40,33 |
6,53 |
99,15 |
42,68 |
64,94 |
45,44 |
88,75 |
2017 |
37,93 |
5,86 |
99,06 |
28,60 |
64,00 |
49,67 |
88,30 |
2018 |
36,54 |
6,22 |
99,20 |
30,52 |
65,61 |
51,88 |
86,97 |
2019 |
40,21 |
6,91 |
99,53 |
27,18 |
67,77 |
53,34 |
88,05 |
2020 |
41,85 |
6,26 |
99,54 |
26,06 |
60,54 |
47,76 |
85,37 |
2021 |
39,86 |
6,13 |
99,47 |
22,38 |
63,71 |
48,94 |
86,18 |
2022 |
43,78 |
5,99 |
99,61 |
26,40 |
58,06 |
50,00 |
85,38 |
Од овој график се гледа дека уделите на емисиите на NOx, NMVOC, PM10 како и на тешките метали Pb и Hg од секторите кои се опфатени во овој индикатор се намалил значително за периодот од 2010 – 2022 и тоа од 71,18 % на 43,78 % за NOx, од 8,12% на 5,99% за NMVOC, од 61,71% на 26,4% за PM10, од 85,29% на 58,06% за Pb и од 89,9% на 85,38% за Hg.
Зголемување на уделот на емисиите за периодот од 2010 – 2022 се забележува за SOx и Cd од секторите кои се опфатени во овој индикатор и тоа од 97,42 % до 99,61 % за SOx и од 49,8% до 50% за Cd.
За овој индикатор направена е анализа на обработени податоци за емисии на: NOx, SOx, NMVOC, Cd, Hg, Pb и PM10 за период 2010 – 2022. Податоците се земени од постоечкиот инвентар на загадувачки супстанци во воздухот со кои се известува кон Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадување. За овој индикатор како референтна година е земена 2010.
Инвентарот на загадувачки супстанци во воздухот е подготвен согласно податоците од индустријата која има А и Б ИСКЗ дозволи за која има расположливи податоци и податоци од Државниот завод за статистика за количина на применети горива во сектор Индустрија. Подготвен е од страна на МИЦЖС како дел од обврските за известување кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот.
Емисии на NOx
Трендот на количината на емисии на NOx за периодот 2010 – 2022 во споредба со референтната година 2010 бележи значително опаѓање освен за 2011 и 2019 година кога е забележан мал пораст на емисиите како што е прикажано на Графикон 3.
Во 2011 со зголемувањето на количината на емисиите за околу 9% се достигнува и максималната количина на емисии на NOx за периодот 2010 – 2022. Ова зголемување се должи на користење на голема количина на јаглен во сите електрани и топлани. Во следните години се забележува намалување на емисиите кое се должи на намалување на работата на електраната РЕК Осломеј од 12 на 5 месеци годишно и намалување на потрошувачката на јаглен до 60%, вклучително и гасификација на топланите. Помалите емисии на NOx во 2013 година во однос на 2012 година се резултат и на модернизацијата на котлите во електрана РЕК Битола каде се инсталирани горилници со ниски емисии на NOx. Во константното намалување на емисиите на NOx од 2012 до 2022 влијае константното подобрување и модернизирање на постројките како за производство на електрична енергија (РЕК Битола и Осломеј) и топлина (ТЕ-ТО АД Скопје) која исто така има инсталиран горилници со ниски емисии на NOx. Исто така благодарение на употребата на различни видови горива и примената на иновативни технолошки методи како селективна не-каталитичка редукција на азотни оксиди (NOx), Цементарница УСЈЕ успеа од 2014 година трајно да ги намали емисиите на азотни оксиди.
Намалувањето на емисиите особено во 2016 и 2018 година се должи на гасификацијата на топланата Топлана Запад како и намаленото количество на согорен јаглен во РЕК Битола и намаленото работење на РЕК Осломеј. Од 2015 до 2016 година емисиите на овие супстанции се намалени за 22-23% поради помалата потрошувачка на јаглен и промена на користената методологија за пресметка на емисиите.
На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NOx изнесувале околу 38% од емисиите во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 62% во однос на 2010.
Графикон 3 Тренд на вкупни количини на емисии на NOx (како NO2) во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на NMVOC
Количината на емисиите на NMVOC за периодот 2010 – 2022 има релативно стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. Пикови каде е забележано зголемување на количината на емисиите е за 2011, 2018 и 2019 година. Во 2011 со зголемувањето на количината на емисиите за околу 10% се достигнува и максималната количина на емисии на NMVOC за периодот 2010 – 2022.
Намалувањето на емисиите се случува поради намалената употреба на растворувачи но и поради намаленото производство во металната индустрија како и намалено согорување во преработувачките индустрии. Бидејќи NMVOC се создава при согорување, зголемување на емисиите се директно поврзани со зголемено согорување од производство на струја и топлина како и зголемено производство на метал и железо.
NMVOC се создава при фугитивни и емисии при ископ на јаглен и согласно достапните податоци за емисиите кои се создаваат при ископ на јаглен во периодот од 2010 до 2022 година може да се забележи дека се константни. РЕК Битола, согласно А-ИСКЗ дозволата, за намалување на фугитивни емисии од одлагалиштето за јаловина, над-бункерски дел и дробилична постројка предвидува во сушните периоди да се врши прскање со раствор на вода и адитиви. Трендот на вкупни емисии на NMVOC за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 4.
На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NMVOC изнесувале околу 68% од емисиите во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 32% во однос на 2010.
Графикон 4 Тренд на вкупни количини на емисии на NMVOC во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на SOx
Количината на емисиите на SOx за периодот 2010 – 2022 има тренд на намалување до 2017, и потоа од 2020 година во споредба со референтната година 2010. Двата пикови каде е забележано зголемување на количината на емисиите е во 2011 и 2019 година. Во 2019 со зголемувањето на количината на емисиите за околу 38% во однос на референтната година 2010 се достигнува и максималната количина на емисии на NMVOC за периодот 2010 – 2022.
Намалувањето на емисиите на SOx во 2013 година се тесно поврзани со промената на енергенс кои се користи во двете топлани на БЕГ односно користење на природен гас наместо мазут.
Намалувањето на емисиите особено во 2016 година се должи на намаленото количество на согорен јаглен во РЕК Битола и намаленото работење на РЕК Осломеј. Имајќи предвид дека производството на електрична енергија е главниот извор за емисиите на SOx трендовите варираат и зависат од потрошувачката на јаглен. Од 2015 до 2016 година емисиите на овие супстанции се намалени за 22-23% поради помалата потрошувачка на јаглен и промена на методологија на пресметка.
Од 2016 до 2017 година емисиите на SOx се намалени за 13%, поради помалата потрошувачка на јаглен и мазут за производство на електрична енергија, како и намалената работа на РЕК Осломеј. Главно емисиите на SOx зависат од квалитетот и количината на јагленот кој се користи. Во 2018 и 2019 се забележува зголемување на емисиите на SOx. Зголемувањето на емисиите на SOx во 2019 година е скоро двојно во однос на 2017 година и тоа се должи на зголемената количина на согорен јаглен и мазут како и понискиот квалитет на јаглен во РЕК Битола и зголеменото производство на електрична енергија.
Од 2020 до 2022 година се бележи благо намалување на емисиите на SOx како резултат на намалената количина на согорен јаглен во РЕК Битола.
Согласно Инвентарот и Информативниот Извештај за РСМ доставен на Cdr. Eionet базата индустриите за стационарно согорување (железо и челик) во периодот од 2010 до 2022 имаат значително намалување на користење на јаглен и мазут, додека користењето на природен гас варира и бележи незначителен пад, само користењето на биомаса забележува значително зголемување особено од 2018 година.
Согласно Инвентарот и Информативниот Извештај за РСМ доставен на Cdr. Eionet базата индустриите за стационарно согорување (неметали) во периодот од 2010 до 2022 бележат зголемено користење на мазут. Еуроникел (Фени) од 2021 година има започнато да работи со замена на 25% од горивото со биомаса. Со доаѓањето на енергетската криза на крајот од 2021 термоцентралата на мазут ТЕЦ Неготино отпочнато со работа. Трендот на вкупни емисии на SOx за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 5.
На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на SOx изнесувале околу 108% од емисиите во 2010 година, што претставува зголемување на емисиите за 8% во однос на 2010.
Графикон 5 Тренд на вкупни количини на емисии на SOx (како SO2) во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на PM10
Количината на емисиите на PM10 за периодот 2010 – 2022 има тренд на има значително зголемување до 2013, а потоа на драстично опаѓање до крајот на периодот на набљудување. Максималната вредност на количината на емисии за периодот 2010 – 2022 е за 42% поголема од количината во референтната година и се забележува во 2013 година.
Трендот на PM10 честичките е променлив со зголемувања и опаѓања поради променливата работа на инсталациите за производство на феролегури како главен извор на националните вкупни емисии на честички. Главната причина за трендот на намалување на прашина која доаѓа од производството на електрична енергија е поради намалената потрошувачка на јаглен, но и на производството на феролегури во земјата со затворање на фабриката за феролегури Југохром во ноември 2016 година. Фабриката за цемент, Цементарница УСЈЕ, исто така претставува потенцијален извор на емисии поради тоа во текот на годините постојано вложува во поставување на најсовремени филтри со цел намалување на емисиите на прашина од печките.
На графиконот како референтна година е земена 2010 и се гледа дека емисиите на PM10 бележат тренд на опаѓање освен за 2011, 2013, 2018 како и 2022 кога се забележува зголемување на емисиите на PM10. Трендот на вкупни емисии на PM10 за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 6.
Зголемувањето на емисиите на PM10 во воздухот во 2011 се должат на двојното зголемување на производство на феролегури, во 2012 емисиите бележат благ пад поради намалено производство на струја и феролегури. Во 2013 производството на феролегури се зголемило за околу 27 % иако производството на струја се намалило за 8,29 % сепак вкупните емисии бележат раст и достигнуваат максимални емисии на PM10 во периодот 2010 - 2022. Со почеток на 2014 па се до 2017 количините на емисии на PM10 бележат пад поради модернизација на термоцентралите за производство на струја како и за престанокот со работа на инсталацијата Југохром во 2016 година. Во 2018 забележано е зголемување на емисиите на PM10 за 9 % поради зголемено производство на електрична енергија. Во текот на 2018 година, по преструктуирање, успешно бил рестартиран и модернизиран процесот за производство на никел и во јануари 2019 година фабриката од ФЕНИ Индустри станала Еуроникел Индустри и отпочнала со работа.
Во периодот од 2019 до 2021 има намалување на емисиите на PM10 поради опаѓање на производството на електрична енергија од РЕК Битола и Осломеј, а зголемено производство на електрична енергија од хидроелектрични централи. Во 2022 зголемувањето на емисиите на PM10 се должи на зголеменото производство на електрична енергија за 9 % пропратено со зголемување на фугитивни емисии од ископ на јаглен.
На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на PM10 изнесувале околу 21% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 79% во однос на 2010.
Графикон 6 Тренд на вкупни количини на емисии на PM10 во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на тешки метали (Pb, Cd и Hg)
Количината на емисиите на тешките метали (Pb, Cd и Hg) има стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. Пикови каде е забележано зголемување на количината на емисиите е за 2011, 2014 и 2019 година. Максималната вредност на количината на емисии за периодот 2010 – 2022 е за 10% поголема од количината во референтната година и се забележува во 2011 година. Трендот на вкупни емисии на тешки метали за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 7.
Количините на емисии на Pb се значително намалени почнувајќи од 2003 година како резултат на затворањето на Топилницата Злетово – Велес. Затворањето на топилницата за цинк и олово Злетово се одразува и на намалувањето на емисиите на Hg и Cd. Дополнително, позитивно влијание на намалувањето на емисиите на овие загадувачи е поради воведувањето на НДТ во инсталациите кои поседуваат А и Б ИСКЗ дозволи но и вршат мониторинг, преземаат мерки за намалување на емисиите и се грижат за унапредување и модернизација на сопствените фирми.
Како позитивен пример на примена на НДТ е во Макстил каде над челичарницата поставена е „Елефант хаус“, хауба за зафаќање на фугитивни емисии од технолошкиот процес која ги покрива двете печки во 2014 година односно два аспиратори ги извлекуваат емисиите на воздух кои преку цевковод ги носат во објект во кој се лади воздухот.
Во 2011 година се забележува раст на емисиите поради зголемување на производството на метал и железо од инсталациите во Железара како и благ пораст на зголемување на производство на струја. Во 2012 и 2013 година има пад на емисиите поради намалување на производството на железо и метал за 33,3 % и 35 % соодветно. Во периодот од 2015 до 2017 има опаѓање на емисиите на Pb главно поради модернизација на инсталациите за производство на железо и метал кои исто така поседуваат А ИСКЗ дозволи и преземаат мерки за намалување на емисиите и се грижат за унапредување и модернизација на сопствените фирми. Во периодот од 2018 - 2022 трендот е опаѓачки но се забележува и мал пик на емисии што се должи на зголемено производство на струја и топлинска енергија како и зголеменото согорување на медицински отпад во Дрисла. Емисиите на Cd се рамномерни во текот на целиот период, додека емисиите на Hg се во постојан пад поради затварање на индустрискиот гигант Охис.
На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на тешки метали (Pb, Cd, Hg) изнесувале околу 28% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 72% во однос на 2010.
Графикон 7 Тренд на вкупни количини на емисии на тешки метали (Pb, Cd, Hg) во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Во периодот од 2010 до 2022 година, вредноста што индустријата ја генерира за економијата - мерена со бруто додадена вредност (БДВ) - се зголемила, што покажува дека индустријата во нашата земја создава помалку емисии, бидејќи односот на испуштањата на загадувачки супстанци во воздухот со капацитетот на производството на индустриите се намалува. Вкупниот график со сите загадувачки материи и БДВ за периодот од 2010 - 2022 е прикажан на Графикон 8.
Графикон 8 Бруто додадената вредност (БДВ) на Република Северна Македонија во однос на емисиите на загадувачки супстанци во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставени како индекс (2010=100)

Направена е споредбена анализа на промената на емисиите на загадувачките материи во воздух на нашата во однос на другите земји од ЕУ-27 за 2022 година во однос на 2010 (како референтна година). На Графикон 9 е прикажана споредбата на промена на емисиите на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 од нашата земја со оние на ЕУ 27 за 2022 година во однос на 2010 година (земена како референтна). Во РСМ се забележува намалување на емисиите за сите параметри освен за SOx како резултат на модернизација на постројките и технологиите вклучувајќи и НДТ како и подобрување на функционирањето на релевантните институции во делот на мониторингот што овозможува брзо и соодветно постапување и реализирање на мерки. Споредено со останатите држави каде вредностите варираат воочливо е дека емисиите на SOx во сите држави се намалуваат за разлика од ситуацијата во нашата земја каде има зголемување за околу 10%. Ова зголемување се должи на согорувањето на јаглен во постројките за производство на електрична енергија, како РЕК Битола и РЕК Осломеј. Согласно А- ИСКЗ дозволата на РЕК Битола една од активностите како мерка за намалување ан емисиите на SOx е изградба на постројка за десулфуризација со која се очекува значително намалување на емисиите на SOx.
Графикон 9 Споредбена анализа на промената на емисиите на загадувачките материи во воздухот од сектор индустрија во однос на другите земји од ЕУ-27 за 2022 година

Опфат на податоци: excel
Извор на податоци:
Податоци достапни на сајтот на ЕЕА (Change of pollutant releases into air in EU-27 countries in the period 2010-2022) за ЕУ-27 државите додека податоците за РСМ се од Инвентарот за емисии во воздух за РСМ објавен на Eionet.
Користените податоци емисиите категоризирани по NFR категории наведени погоре кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Инсталациите во земјата доставуваат извештаи според фреквенција одредена во дозволата или најмалку еднаш годишно до МЖСПП и од нив со помош на количина на готови производи пуштени на пазарот како и количина на согорен енергенс согласно EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух се пресметани емисиите на загадувачки супстанци, кои се обработуваат и се ставаат во excel документ каде се прикажани сумирани емисии од секој сектор поединечно кој учествува во овој индикатор.
Емисиите кои се емитираат во индустријата и се дел од овој индикатор се: NOx, SOx, NMVOC, Cd, Hg, Pb и PM10 за период 2010 – 2022.
Годишните емисии на различните загадувачки материи се прикажани за секоја година одделно и потоа се изразени како проценти на намалување или зголемување во однос на количините од 2010 година како базна година, по што се креира тренд линија. На овој график прикажана е и бруто додадената вредност (БДВ) која исто така е прикажана како процент на намалување или зголемување на нивоата од 2010 година.
- Извор за користената методологија
Податоците се преземени од последната верзија на Информативниот извештај за инвентарот: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/iir/ а за пресметките на емисиите во рамките на инвентарот во кој се опфатени и категориите од индустрија се користени следните упатства: (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guide…, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guide…, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019
https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023).
Според националното законодавство плафоните на емисии во земјата дадени во Правилникот за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво (Сл. Весник на РМ бр. 02/2010) релевантни за овој индикатор се за SO2 и NOx. Плафоните на емисии за SO2 и NOx изнесуваат 130 kt за SO2 и 39 kt за NOx. Во периодот од 2010 до 2022 од целокупните емисии во воздухот од земјата не се забележува надминување на прагови на емисии за SO2 и NOx. Тешките метали не ги надминуваат емисиите од базната година согласно барањат на Протоколот за тешки метли кон CLRTAP.
Уделот на секторот индустрија во вкупните емисии на SO2 се зголемува во периодот од 2010 – 2022 од 97,42 % на 99,61 %) додека уделот во вкупните емисии на NOx се намалува од 72,78 % на 36,54 %.
Целта е инсталациите да не ги надминуваат граничните вредности на емисија дефинирани за нивната дејност согласно националното законодавство.
Загадувањето на воздухот директно влијае на зголемување на медицинските трошоци и истовремено ја намалува економската продуктивност поради лошото здравје на работниците. Таквиот воздух штети и на почвата, посевите, шумите, езерата и реките.
Поради тоа со земање предвид на трендовите на емисиите на загадувачки супстанци во воздухот од сектор индустрија, потребно е да се преземат мерки за подобрување на состојбата, преку транспонирање и имплементација на ЕУ директивите за секторот индустрија, зајакнат надзор над операторите на инсталациите и мониторинг на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот со примена на референтни методи со крајна цел да се обезбеди подобар квалитет на воздухот.
Подобрениот квалитет на амбиенталниот воздух ќе овозможи квалитетен живот на населението, подобрување на здравјето на луѓето и други придобивки.
Обврските за известување на инвентарот за емисии во воздух, вклучувајќи ги и емисиите од индустрија се на годишно ниво кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Обврските за известување на индустријата се наведени во националното законодавство, во подзаконски акти, кои произлегуваат од Законот за животна средина и Законот за квалитет на амбиентен воздух.
МК НИ 111 ЕМИСИЈА НА ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ ВО ВОЗДУХОТ ОД СЕКТОРОТ ИНДУСТРИЈА |
EEA - Европска агенција за животна средина |
INDP 003 Industrial pollutant releases to air in Europe |
UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа |
нема еквивалент |
|
Каталог на индикатори за животна средина |
Industrial pollutant releases to air in Europe (EEA_CSI055/INDP003) |
|
SDG - Цели за одржлив развој |
9 - Industry, innovation and infrastructure |
|
GGI - Индикатори за зелен раст |
да |
|
Кружна економија |
не |