Учество на отворањето на Инвестициско-трговски форум

News
Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на отворањето на Инвестициско-трговски форум меѓу Северна Македонија и Турција
Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на отворањето на Инвестициско-трговски форум меѓу Северна Македонија и Турција
27.09.2024
Првиот вицепремиер Изет Меџити учествуваше на отворањето на Инвестициско-трговски форум меѓу Северна Македонија и Турција

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска учествуваше и имаше oбраќање на отворањето на Инвестициско-трговскиот форум меѓу Северна Македонија и Турција.

Меџити го оцени како значаен овој настан организиран од Инвестициско-трговскиот форум меѓу Северна Македонија и Турција, како одлична можност уште еднаш да се истакнат силните врски меѓу Северна Македонија и Турција, а особено големиот потенцијал напред, заснован на многу пријателските односи.

Економската соработка меѓу нашите две земји донесе бројни придобивки, додека турските инвестиции во Северна Македонија помогнаа во развојот на инфраструктурата и отворањето работни места, придонесувајќи за стабилноста и економскиот раст на Скопје, Тетово, Гостивар и Северна Македонија во целина

-изјави првиот вицепремиер Изет Меџити.

Меџити рече дека интересот на нашите бизниси да ги искористат можностите на турскиот пазар е голем, додека инвестициите од Турција се охрабрувачки и модел како се развива вистински бизнис.

Во овој контекст, Форумот за инвестиции и трговија игра клучна улога, бидејќи нуди платформа за размена на идеи, искуства и за создавање нови врски. Тоа е одлична можност да се истражат можностите за соработка во различни сектори, од градежништво и производство до технологија и услуги

-рече Меџити.

На Форумот присуствуваа бизнисмени од Турција и Северна Македонија, претседатели на стопански комори, пратеници и амбасадори.

Галерија
Submitted by moepp on 27.09.2024 - 11:00