Меџити: Напредно управување со отпадот

29.05.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA

Соопштение

28.05.2025
Ве информираме дека утре, четврток, 29 мај 2025 година, со почеток во 09:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити ќе учевствува и ќе има обраќање на 6-та меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA).

Меџити: Помалку загадување, повеќе слобода

27.05.2025
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес пред Владата го промовираа новиот концепт за споделување возила – Car Sharing. Оваа услуга претставува значаен чекор кон одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето во земјата.

Првиот Вицепремиер Изет Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата

22.05.2025
Ова е историски ден за државата, потпишување на финансиски договор со Велика Британија, со што стратешки се решаваат и се инвестира во повеќе области како што е железничкиот сообраќај, образование, здравство, стратешки проекти.

Паркот на пчелата е уникатен објект не само во Македонија, туку и во регионот

20.05.2025
Денес во чест на 20-ти Мај, Светскиот ден на пчелата, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на официјалното отварање на првиот  Парк на пчелата во земјата лоциран во кругот на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура, го забрзуваат економскиот развој

16.05.2025
Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше на конференцијата на тема „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“

Меџити: Во Чаир отпочнува со реализација мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра

15.05.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир

Реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска

14.05.2025
15.05.2025, четврток, со почеток во 12.00 ч., во Чаир, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во придружба на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, ќе присуствува на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, во вредност од 88 милиони денари, владин грант

МЕЏИТИ: Со работата и посветеност промената се забележува во секој дел од Тетово

14.05.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со градоначалникот на Тетово Биљал Касами присуствува на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во населбата Вонвардарска во должина од 2600 метри.

Започнува изработката на студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица

12.05.2025
Скопје, 12 мај 2025 г. Министерството за животна средина и просторно планирање започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата.