Што е SOER 2010?

Извештајот за состојбата и перспективата на Европската животна средина 2010 (SOER2010) e насочен пред се на носителите на одлуки во Европа и пошироко, со вклучено кадрирање и спроведување на политиките кои би можеле да го поддржат унапредувањето на животната средина во Европа. Информациите исто така им помагаат на европските граѓани, подобро да ја разбираат грижата за унапредувањето на состојбата на животната средина во Европа.

SOER 2010 содржи четири клучни оценки:

1. Сет од 13 Европски тематски оцени за клучните еколошки теми;

2. Оцена на глобалните мегатрендови релевантни за европската животната средина;

3. Сет од 38 национални оцени за животната средина во одделни европски држави;

4. Синтеза – интегрирана проценка врз основа на геренаведените оцени и други значајни активности.

Сите SOER 2010 резултати се достапни од 30 ноември на веб-сајтот SOER 2010: www.eea.europa.eu/soer

Веб-сајтот обезбедува:

• Напредна пребарувачка функција:  место и тема „Клучни факти“ и„Клучни пораки“ од оценките

• Резимеа во не-технички јазик, како што се резимеа на тематските оценки, и краток преглед на SOER („За SOER 2010“)

• „Синтезис“ преведено на 32 јазици (преземање во pdf и Е-книги)

• Аудио-визуелни елементи (на пример воведувањето на SOER и видео придонеси од земјите)

• Медиуми, лансирањето и информации за настанот

• Често поставувани прашања (FAQ – со одговорите и можности да се поставуваат прашања)

SOER 2010 ДЕЛ Ц – Оцена за животната средина на Република Македонија:

Национални оцени

1. Профил на Република Македонија

2. Национални и регионални стории

Заеднички еколошки теми

1. Ублажување на климатските промени

2. Намена на земјиштето

3. Заштита на природата и биодиверзитетот

4. Отпад

5. Слатки води

6. Загадување на воздухот

SOER 2010„Синтезис“ на македонски и англиски

SOER 2010 mk banerSOER 2010 en baner