СУПСТАНЦИ КОИ КОНЗУМИРААТ КИСЛОРОД ВО РЕКИТЕ | ![]() |
![]() |
Клучен индикатор за статусот на оксигенизација на водните тела е биохемиската потрошувачка на кислород (БПК), што претставува потрошувачка на кислород како резултат на организмите во водата кои ја трошат органската материја што може да се оксигенизира. Индикаторот ги илустрира сегашната состојба и трендовите во врска со БПК и концентрациите на амониум (NH4) во реките.
Годишниот просек на БПК по 5 или 7- дневна инкубација (БПК5/БПК7) се изразува во mgO2/l, а вкупните годишни концентрации на амониум се изразува во mg N/l.
Дали загадувањето на реките со биохемиската потрошувачка на кислород (БПК5) и амониум не бележи пораст?
Во Република Македонија постои променлив тренд на концентрациите на БПК5и на концентрациите на амониум во реките во разгледуваниот период.Најголем пад на концентрациите на БПК5 се забележуваод 2008 до2010година.Потоа следи период на благ пораст на концентраците. Концентрациите на амониум во реките опаѓаат започнувајќи од 2001 година се до 2016 година кога е регистрирана и најниска концентрација.
Умерено еутрофичен статус во однос на степенот на БПК5 е регистриран во река Вардар. Овие резултати може да ја одразуваат состојбата на неефикасното пречистување на урбаните и индустриските отпадни води, како и несоодветната заштита на речните басени.
.
Слика 1. Биохемиска потрошувачка на кислород (БПК5) во реките
Слика 2. Биохемиска потрошувачка на кислород (БПК5) во реките по река
Слика 3. Вкупно амониум во реките
Слика 4. Вкупно амониум во реките по река
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци:МЖСПП, УХМР
http://www.moepp.gov.mk
http://www.meteo.gov.mk/index.php?lang=mk
Во Република Македонија во анализираниот период се забележува променлив тренд на концентрациите на БПК5и на концетрациите на амониум. Во периодот од 2000 до 2008 година концентрацијата на БПК5 има релативно стабилен тренд, после што од 2008 до 2010 година се регистрирани најниските концентрации на БПК5. Во останатиот период се забележува благо растечки тренд на концентрациите на БПК5.
Што се однесува до концентрациите на амониум во реките секоја година постојат значителни варијации.Најголема концентрација на амониум е регистрирана во 2001 година после што следи опаѓање на концентрациите. Најниска концентрација е регистрирана во 2016 година.
На одредени мониторинг станици лоцирани на Црна Река и на река Вардар, евидентиран е умерено еутрофичен статус на водите во однос на степенот на БПК5. Овие резултати може да ја одразуваат состојбата на неефикасното пречистување на урбаните и индустриските отпадни води во земјата, како и несоодветната заштита на речните басени.
Соодветната заштита на реките и особено воведувањето на редовно пречистување на отпадните води во земјата е највисок политички приоритет на локално и на национално ниво.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Пресметувањето на индикаторите се базира на методологијата утврдена со Eurowaternet, детерминирана од страна на Европскиот тематски центар за води при Европската агенција за животна средина.
Со овој процес дефиниран е начинот на селекција на мониторинг-станиците, утврден е видот на параметри кои се мониторираат како и нивната фреквентност на прибирање.
Листа на релевантни политички документи:
Националниот еколошки акционен план – 2, Стратегиите за мониторинг и управување со податоци,
Изработена е Стратегијата за води која има за цел воспоставување на долгорочна политика која ќе обезбеди одржлив развој на водите преку задоволување на потребите на сите корисници со квалитетна вода во доволни количества, рационално и економично користење на водите, заштита на водите од загадување и контрола на загадувањето.
Законот за води кој ги транспонира следниве ЕУ директиви во националната легислатива:
- Рамковната директива за води РДВ (2000/60/ЕЕЦ), според која до 2015 година, потребно е реките во ЕУ да постигнат добар еколошки статус или добар еколошки потенцијал.
- Директивата за нитрати (91/676/ЕЕЦ) чија цел е редуцирање на нитратите и загадување од органски материи од земјоделско земјиште,
- Директивата за третман на урбани отпади води (91/271/ЕЕЦ) за редуцирање на загадувањето од канализационите и индустриските пречистителни станици.
Законот за животна средина ја транспонира Директивата за индустриско спречување и контрола на загадувањето ИСКЗ (96/61/ЕЕЦ) која има за цел контрола и спречување на загадувањето на водите од индустријата.
Законска основа
Законот за води ги пропишува Основните плански документи за заштита, одржување и постојано подобрување на расположливите водни ресурси и рационално користење на достапните количества вода.
Основни документи за планирање и развој на управувањето со води се:
- Национална стратегија за води
- Водостопанската основа на Република Македонија и
- Планови за управување со речни сливови.
Заради одржување и подобрување на квалитетот на водите и утврдување на соодветноста на водата за користење за определени намени, Законот за води предвидува класификација на водите и категоризација на водните тела, како и одредување на рок за постигнување на целите за квалитет на водите за секоја категорија на вода и утврдување на минималните стандарди за квалитет на водата и на целите на заштитата на животната средина за сите водни тела. Во однос на секој речен басен, Законот педвидува донесување на (план за управување со речен слив, за постигнување на целите на заштитата на животната средина.
Уредбата за категоризација на водотеците, езерата, акумулациите и водните ресурси (1999) го утврдува квалитетот на водата според посебните класи на вода во водните тела, езерата, акумулациите и подземните водни ресурси. Со оваа Уредба, исто така, се одредуваат пет категории на водотеци.
Намалување и спречување на загадувањето на водите, а со тоа и постигнување на добар еколошки статус или потенцијал на водите. Во Законот за води, се транспонирани барањата на ЕУ директивите (РДВ, Третман на урбани отпадни води, Нитрати, Директивата за опасни супстанци, како и Директивите за вода за капење и за пиење).
- ЕЕА
Ознака | Име на индикаторот | Усогласеност со CSI ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
MKНИ 019 | Супстанци кои консумираат кислород во реките | CSI 019 | Oxygen consuming substances in rivers | С | A | вода | годишно |