Сектор за индустриско загадување и управување со ризик

Секторот за индустриско загадување и управување со ризик се состои од следните одделениа: Одделение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Одделение за хемикалии и индустриски несреќи  и Одделение за управување со ризик и атмосфера.

Согласно Законот за животна средина, од 1 Јануари 2006 година почна имплементацијата за новите законски обврски за индустријата, а кои се однесуваат на Интегрирано спречување и контрола на загадувањето. Овој систем на ИСКЗ дозволи е опфатен со две глави во законот, глава XII - Интегрирани Еколошки Дозволи и глава XIV - Дозволи за усогласување со оперативнипланови.

Глава XV од истиот закон се однесува на Спречувањето и контролата на хавариите со присуство на опасни материи.

Одделение за
интегрирано спречување и
контрола на загадувањето
Одделение за
хемикалии и
индустриски несреќи
Одделение за
управување со
ризик и атмосфера

Директивата за (IPPC 96/61) за ИСКЗ, на Советот на ЕУ од 24. Септември 1996 год. за Интегрирано Спречување и Контрола на Загадувањето 96/61 ЕС претставува камен темелник на заедничката политика на ЕУ во областа на заштита на животната средина од големите индустриски загадувачи.

Оваа директива во потполност е транспонирана во Законот за животна средина член 95 став 1 и член 135 (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12 , 93/13, 187/13 и 42/14 ) год. Надлежен орган за имплементација на овие законски акти е Министерството за животна средина, а постапката за ИСКЗ е дефинирана во поглавје XII од законот, под наслов: “Интегрирани еколошки дозволи за работење на инсталациите кои влијаат врз животната средина”, како и во другите подзаконски акти кои произлегуваат од него, согласно член 5 став 1 точка 1 од Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план (Службен весник на РМ 89/2005), сите инсталации доставуваат барање за добивање на Интегрирана еколошка дозвола или барање за добивање на дозвола за усогласување со оперативен план).

Одделението за ИСКЗ врши спроведување на постапките за издавање на дозволи за усогласување со оперативен план и А-интегрирани еколошки дозволи, врши имплементација на законските одредби во делот на ИСКЗ, Одделението работи во остварувањето на програмските задачи и активности во оваа област запазувајќи ги законските роковите за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Одделението работи на разгледување и анализа на барањата за интегрирани еколошки дозволи и дозволи за уогласување со оперативен план, Одделението работи на изготвување на интегрирани еколошки дозволи и дозволи за уогласување со оперативен план, вршење на увид на лице место на исталацијата за која се изготвува интегрирана еколошка дозвола или дозвола за усогласување со оперативен план, Изготвување на записници од состаноците и од теренски посети на инсталациите, Вршење на размена на податоци со други служби во министерството, особено во Државниот инспекторат за животна средина, државни органи, ЕЛС и невладини организации.

Припрема на документи кои ќе бидат достапни на јавноста. Одржување на состаноци, Јавни расправи, објавување на барањата, нацрт дозволите и издадените ИСКЗ дозволи.

Во рамките на активностите на одделението за ИСКЗ е и водењето на регистар на издадени А и Б-интегрирани еколошки дозволи или А и Б-дозволи за усогласување со оперативен план, од страна на МЖСПП и од страна на Општините во РМ.

Воедно, се разгледуваат и Б-интегрираните еколошки дозволи или дозволи за усогласување со оперативен план издадени од страна на ЕЛС. Доколку се утврдат недостатоци, се информираат надлежните органи во врска со истите, давање насоки за спроведување на процедурата за Б-интегрирани еколошки дозволи или Б-дозволи за усогласување со оперативен план, процесуирање на Б-дозволи за инсталации во заштитени подрачја или кога општината нема капацитет да ги процесуира истите.

Член 145 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12 , 93/13, 187/13 и 42/14) год, се однесува Спречувањето и контролата на хавариите со присуство на опасни материи.

Одделението за хемикалии и индустриски несреќи се занимава со две области поврзани со контролата на опасните хемикалии:

  • Управување со одредени групи на хемикалии, и
  • Спречување на хаварии со присуство на опасни супстанции.

Во смисла со управувањето со хемикалиите Одделението се занимава со изработка на мислења по барања за увоз/извоз на одредени хемикалии, како и опрема која содржи опасни хемикалии. Исто така, Одделението работи на управувањето со одредени групи на хемикалии (супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, перзистентни органски загадувачи, жива) започнувајќи од подготовка на стратешки документи до конкретни акции за мониторинг, контрола, редукција и елиминација на овие групи на хемикалии.

Спречувањето на хаварии со присуство на опасни супстанции се однесува на имплементација на Поглавјето XV од Законот за животна средина. Одделението врши работни задачи врз основа на конкретни упатства и насоки кои се однесуваат на подготвителните работи од доменот на спречување на хавариите. Во оваа смисла Одделението врши евиденција на инсталациите кои работат со одредени количества на хемикалии, се ажурира базата на податоци на инсталации/системи кои складираат/аплицираат опасни супстанции. Покрај ова, Одделението ги прави сите подготовки (Прирачник за подготовка на извештај за мерки за безбедност, Водич за подготовка и инспекција на извештајотмерки за безбедност со систем на листи за проверка) за непречена евалуација и инспектирање на клучните документи поврзани со превенција на индустриските несреќи кои инволвираат опасни супстанции.

Одделението за Управување со ризик и атмосфера работи на ажурирање на постоечката листа на жешки точки во земјата. Одделението работи на систематизација на дефинираните инсталации според области, врши подготовка на стратешки документи за превенција и контрола на загадувањата од жешките точки, врши спроведувањето на процесот на превенција и контрола на загадувањата генерирани и емитирани од дефинираните жешки точки, врши подготовката на детални планови за еколошки прифатливо управување со секоја инсталација идентификувана како жешка точка. Одделението врши евиденција и управување со жешките точки и историските загадување и во врска со тоа остварува соработка со одговорните лица, врши решавање на проблемите произлезени од жешките точки. Во соработка со одделението за ИСКЗ и ОВЖС, подготвува стратешки документи и акциони планови за еколошки прифатливо управување со инсталациите идентификувани како жешки точки, вклучувајќи и планирање на мониторинг систем за следење на состојбите, работи на превенција и контрола на загадувањата генерирани и емитирани од детерминираните жешки точки. Одделението работи на систематизација на податоците од мониторингот на емисиите од жешките точки и организира подготовка на база на податоци за секоја идентификувана жешка точка пооделно. Врши увид на инсталацијата според утврдена динамика.