Сектор за животна средина

Секторот за животна средина е Сектор во рамките на Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Секторот за животна средина врши процена на можните влијанија на одредени проекти врз животната средина и ги утврдува мерките за заштита од загадување, деградација и влијание врз медиумите и одделните области на животната средина (заштита од осиромашување на озонската обвивка, спречување на штетната бучава и вибрации,заштита од јонизирачко и нејонизирачко зрачење, заштита од непријатната миризба икористење и депонирање на отпадоците и друг вид на заштита на животната средина), врши спроведување на меѓународните конвенции , спроведување на закони и прописи кои се однесуваат на заштитата на природните ресурси, заштита на воздухот, водата, заштита на почвата и заштита на животната средина исто така врши лабораториски анализи и испитувања на сите медиуми и области на животната средина.

Секторот за животна средина е е составен од пет одделенија: Одделение за оцена на влијание врз животната средина, Одделение за почва, Одделение за бучава , Одделение за документирање и Одделение за лабораторија.

Според постоечката систематизација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Одделението за оцена на влијание врз животната средина функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина врши процена на можните влијанија на одредени проекти врз животната средина и ги утврдува мерките за заштита од загадување, деградација и влијание врз медиумите и одделните области на животната средина . Одделнието заоцена на влијание врз животната срединаработи согласноЗакон за животна средина („Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 42/2014″) и подзаконските акти кои произлегуваат од него.

Надлежности на одделението се:

- спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина

- организира јавни расправи за учењтво на јавноста во донесување на одлуки за оцена на влијанието врз животната средина

- Врши оценка на влијанието на одделни проекти врз областите и медиумите на животната средина со оценка на Елаборатите за заштита на животната средина

- Подготвува акти кои произлегуваат од постапката за оцена на влијанието врз животната средина

- Имплементација на меѓународни документи од областа на оцена на влијанието врз животната средина

- Учествува во изготувањето на закони и подзаконски акти од аспект на животната средина.

Според постоечката систематизација на Министерството за животна средина и просторно планирање , Одделението за почва функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина со цел да се грижи за заштитата на почвата како медиум на животната средина. Закони кои се применуваат од областа на заштитата на почвата се: Закон за животна средина („Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 42/2014″), Закон за води („Службен весник на РМ“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13), Закон за управување со отпад (сл.Весник бр.68/04 , 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 09/11, 51/11, 123/12 и 147/13) , Закон за заштита на природата („Службен весник на РМ“ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 13/13).

Надлежности на одделението се:

- Подготовка на законска регулатива (закон и подзаконски акти) од областа на заштитата на почвата

- Заштита на почвата како ограничен, незаменлив, уништлив и тешко обновлив природен ресурс

- Изготвување на стратегии, програми и планови за заштита на почвата

- Имплементација на меѓународни документи за заштита на почвата

- Насоки за заштита од загадување и за унапредување на квалитетот на почвата.

Според постоечката систематизација на Министерството за животна средина и просторно планирање , Одделението за заштита од бучава во животната средина функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина со цел да се грижи за заштитата на животната средина од бучава. Целосна заштита од бучавата во животната средина ќе се постигне со воспоставување на систем на изработка и спроведување на стратешки карти за бучава и акциони планови за бучава.Со овие документи ќе се добие целосен приказ за нивото на бучава во животната средина како и мерките кои треба де се превземат на местата каде е зголемено нивото на бучавата се со цел намалување на нивото на бучава, а со тоа и намалување на штетните ефекти кои произлегуваат од истата за здравјето на човекот и за целата животна средина воопшто. Одделнието за заштита од бучава во животната средина работи согласно Законот за заштита од бучава („Службен весник на РМ“ бр. 79/07,124/10 и 47/11) и подзаконските акти кои произлегуваат од него.

Надлежности на одделението се:

- Изработка на стратешки карти за бучава и акциони планови за бучава .

- учествува во организирање на јавни расправи за изработка на Акциони планови за бучава

- подготвува извештај за состојбата од јавноста, ја следи состојбата со бучава ,

- предлага годишна програма за работа на државната мрежа за мониторинг на бучава

- дава мислења по годишната програмаза работа на локалната мрежа.

- Дава мислења по однос на влијанието на бучавата во одделни дејности и активности врз животнатa средина

- Управува со бучавата и предлага и превзема мерки за нејзино доведување во дозволените граници.

- Учествува во изготувањето на закони и подзаконски акти од доменот на заштита од бучава во животната средина

- Имплементацијата на меѓународни мултилатерални договори и ратификувани конвенции од областа на заштитата од бучава во животната средина

Според постоечката систематизација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Одделението за документација функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина.

Надлежности на одделението се:

- примање, средување, стручна обработка, дигитализација, чување и користење на документацијата за природното наследство и животната средина,

- автоматска обработка на податоците,

- издавање на публикации, работење на специјална библиотека,

- водење катастар на заштитени подрачја и регистар на природното наследство кое што се однесува на строго заштитени видови, фосилите и карактеристичните минерали односно воспоставување на Евиденција за заштита на природата преку вовeдување на Kатастер на заштитени подрачја и Регистар на природно наследство

Според постоечката систематизација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Одделението за лабораторија функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина со цел да врши следење на квалитетот на животната средина, како алатка за развој на политики. Освен вообичнаените и широкораспространети класични методи на анализа, Централната лабораторијата е опремена и со модерна и високософистицирана опрема за анализи, темелена на различни физико-хемиски методи.

Главни функции на лабораторијата се:

- Поддршка на Државниот инспекторат за животна средина во неговата улога на спроведување на законите, но исто така учествува и во различни проекти и склучени договори за соработка.

- Примарна активност на Централната лабораторија за животна средина е континуираното следење на квалитетот на животната средина (вода, воздух, почва) при што се користат различни физико-хемиски методи на мерење и анализа, како и мерење и анализа на ниво на бучава и вибрации.

Следењето на квалитетот на воздухот се врши со мерење на проток и емисија на гасови и прашина од стационарни емитери, кое се изведува со користење на современи уреди, а загадувањето на животната средина како последица на емисијата на полутанти од антропогено и неантропогено потекло (имисијата) се врши со соодветни апарати и уреди. Квалитетот на водата и почвата се оценува преку определувањето на: физичките и органолептички показатели, показателите на киселост, кислороден режим и минерализација, како и штетните и опасни материи: тешките метали, анјони и органски соединенија. Тешките метали во прашината, водата и почвата се определуваат со примена на методите на атомска апсорпциона спектрометрија и тоа: пламена AAS, електротермичка AAS, AAS со хидриден систем и AAS со ладни пареи и методата на емисиона спектрометрија со јонизирана спрегната плазма (ICP) , а органските соединенија со користење на хроматографски методи на анализа (GC/ECD-FID, GC/MS/MS, HPLC). Анјоните и други штетни материи во водата и почвата се определуваат главно со употреба на методата на UV-VIS спектрофотометријата

- Следење на инциденти, вклучително хемиска и биолошка контаминација, во животната средина како и следењето на нивна деконтаминација и ремедијација

- Како секундарна активност на Централната лабораторија за животна средина е мерењето на параметри во работна средина, како што се микроклиматските услови, респирабилна и вкупна прашина, бучава и вибрации.