Зајакнување на капацитетите на засегнатите субјекти за користење на правилници и упатства и промовирање на резултатите од прелиминарната проценка на квалитетот на воздухот во Република Македонија

zajaknuvanje

На 16.04.2008 година во „Клубот на пратеници“, се одржа работилница на која финските и австриските експерти, учесници во компонента 1 и 3 од твининг проектот ги презентираа финалните резултати од компонентите, односно дадоа кус осврт на содржините на предлог Правилникот за мониторинг и известување, предлог Правилникот за планови и програми, и Подобрената прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот во Република Македонија.

Целта на оваа работилница беше запознавање на релевантните субјекти со содржината на подготвените предлог документи, добивање на мислење, коментари и дискусија за истите.

На работилницата учество зедоа претставници од МЖСПП, УХМР, РЗЗЗ, поголемите индустриски компании, невладини организации, приватни комапании кои вршат мерења на емисии и претставници на локалната самоуправа.

ПРОГРАМАЗавршна работилница 16.04.2008 год. Клуб на пратеници

ПРЕЗЕНТАЦИИ

Нацрт Правилник за мониторинг и известување

Нацрт Правилник за планови и програми

-  Нацрт Упатство за мониторинг и известување

Нацрт Упатство за планови и програми

-  Прелименарна проценка на квалитет на воздух