Мерење на емисии во воздухот

merenje

Во периодот од 04-08.02.2008 година во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање и Централната лабароторија за животна средина претставници на Институтот за технолошки истражувања од Финска, одржаа обука за мерење на емисии.

Целта на оваа обука беше да се зајакнат капацитетите на Централната лабораторија за животна средина, релевантните државни институции и приватните компании кои вршат мерења на емисии во воздух во Р.Македонија.

Работилницата се состоеше од теоретски и практичен дел, при што учесниците беа запознаени со принципите на мерење на емисии засновани на ЕУ директивите за воздух и ISO стандардите. Овие принципи  беа  практично применети за мерење на емисии на загадувачките супстанци на испустот на Топлификација – Исток со помош на новонабавената опрема.

ПРЕЗЕНТАЦИИ: 

Вовед во мерење на емисии

- Земање на примероци со апсорпција

- Стандардизација на Европската Унија во мониторингот на емисии

- Сигурност на квалитетот на автоматските мерни системи

- Принцип на мерење на честички

- Мерење на емисии од гасови

- Директива за согорување на отпад 2000-76 ЕC