Анализа на примероци од воздух со гасна хроматографија

analizaВо периодот од 7-11 мај 2007 година во Финскиот метеоролошки институт се одржа студиско патување на тема: Анализа на примероци на воздух со примена на гасна хроматографија.

На студиското патување, практично беше презентиран начинот на земање на примероци од воздух, методите за анализа на загадувачки супстанци: бензен, полициклични ароматични јаглеводороди, аеросоли, тешки метали во примероци од воздух со примена на стандардизирани аналитички методи.

Финските експерти го презентираа методот на пасивно земање на примероци од воздух за анализа на сулфур диоксид и азот диоксид, како и постапките за валидација на методите за анализа и контрола на квалитетот добиените податоци, што е од особено значење за подобрување на квалитетот на лабараториската работа во областа на животната средина и понатамошно приближување на Република Македонија кон ЕУ во оваа област.

ПРОГРАМА - Study tour progrsmme – Finland 07-11 May 2007

ПРЕЗЕНТАЦИИ:

- Мерење на квалитеет на воздух во FMI

- Презентација на Фински метеоролошки институт

- Проценка на полициклични ароматични јаглеводороди и тешки метали во Финска