Подготовка на подзаконски акти од областа на  воздухот

Во периодот од 26-28 февруари, во просториите на Федералната агенција за животна средина во Виена, Австрија беше одржано студиско патување на тема: Подготовка на подзаконски акти од областа на воздухот.

patuvanjeЦелта на ова патување беше запознавање на македонските експерти (учесници во првата компоната на твиниг проектот) со легислативата за воздух на Австрија. Особен осврт беше даден на подготовка Правилникот за мониторинг и репортирање и Правилникот за планови и програми преку имплементирање на Рамковната директива за воздух и директивите ќерки.

Претставниците на Федералната агенција за животна средина го презентираа и начинот на воспоставување на зоните и агломерациите во Австрија, потоа државната автоматска мрежа, начинот на собирање, процесирање и репортирање на податоците како и примената на EURAD моделот за оценка на квалитетот на воздухот.

ПРОГРАМА- Study tour programme Austria 26-28 Fevruari 2008

ПРЕЗЕНТАЦИИ:

- Вовед за Австриската агенција за животна средина

Прогноза на квалитет на воздух

- Анализа на плановите и програмите

- Европска легислатива во областа на животната средина

- Легислатива и мониторинг на квалитетот на воздухот во Република Македонија

- Планови и програми во Австрија

- Проценка на влијанието на квалитетот на воздухот врз здравјето на човекот

- Проценка на квалитетот на воздухот и известување во Австрија

- Проценка на планови и програми