Активности и резултати

Име на проектот Твининг проект МК05-IB-EN-01, CARDS 2005

„Подобрување на квалитет на воздух Во Република Македонија

Одговорен за проектот Светлана Ѓорѓева – Македонски информативен центар за животна средина

 

Опис на проектот Општа цел на проектот беше да се подобри квалитетот на воздухот во Република  Македонија во однос на постоечката состојба.

 

Целите на проектот беа:

 

  • Апроксимација на националната легилслатива за квалитет на воздух
  • Подобрување на базата која се однесува на инвентарите за емисии во воздухот
  • Подобрување на основите за сеопфатен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух согласно рамковната директива за квалитет на воздух 96/62/ЕЦ и Директивите ќерки
  • Подобрување на Националниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух и вклучување на релевантните институции во оваа активност

 

Времетраење 18 месеци + 3 месеци за предавање на завршниот извештај

01.09.2006 датум на започнување на проектот

01.05.2008 датум на завршување на проектот

Донација Европска комисија, КАРДС 2005

Финансиската конструкција целосно ја спроведуваше финскиот партнер според правилата за спроведување на Твининг Проекти. Без домашна контрибуција

Вредност на донацијата 650.000 Еур
Вклучени други институции Управа за хидрометеоролошки работи

Републички завод за здравствена заштита

Превземени активности Одржување на состаноци:

  • На 29.09.2006 година се одржа првиот состанок на Надзорниот комитет на проектот. На состанокот учествуваа: проект ледерите од Финска и Македонска страна, Државниот секретар, Постојаниот Твининг Советник (ПТС), претставници од УХМР, Министерство за здравство, Министерство за економија, Европска комисија, ЕАР.
  • На 28.09.2006 год. се одржа воведен состанок (kick-offmeeting) На состанокот учествуваа:лидерите на сите компоненти на проектот од Финска и Македонска страна, ПТС и асистенот на ПТС и претставници од УХМР и РЗЗЗ.
  • На 15.12.2006 год.се одржа вториот состанок на Надзорниот комитет на проектот. Учесници на состанокот: проект ледерите од Финска и Македонска страна, Државниот секретар, ПТС, асистенот на ПТС и контрапартнерот на ПТС, претставници од УХМР, Министерство за здравство, Министерство за економија, Европска комисија, ЕАР.
  • На 25.03.2007 год.се одржа третиот состанок на Надзорниот комитет на проектот. Учесници на состанокот: проект ледерите од Финска и Македонска страна, Државниот секретар, ПТС, асистенот на ПТС и контрапартнерот на ПТС, претставници од УХМР, Министерство за здравство, Министерство за економија, Европска комисија, ЕАР.
  • На 28.06.2007 год. се одржа четвртиот состанок на Надзорниот комитет. Учесници на состанокот: проект ледерите од Финска и Македонска страна, Државниот секретар, ПТС, асистенот на ПТС и контра партнерот на ПТС, претставници од Министерство за здравство и ЕАР.
  • На 28.09.2007 год.се одржа петтиот состанок на Надзорниот комитет. Учесници на состанокот: проект ледерите од Финска и Македонска страна, Државниот секретар, ПТС, асистенот на ПТС и контрапартнерот на ПТС, претставници од УХМР, Министерство за здравство, ЕАР.
  • На 19.12.2007 год.се одржа шестиот состанок на Надзорниот комитет. Учесници на состанокот: проект ледерите од Финска и Македонска страна, Државниот секретар, ПТС, асистенот на ПТС и контрапартнерот на ПТС, претставници од УХМР, Министерство за здравство,  Европска комисија, ЕАР.
  • На 17.04.2008 год. се одржа седмиот состанок на Надзорниот комитет. Учесници на состанокот: проект ледерите од Финска и Македонска страна, Државниот секретар, ПТС, асистенот на ПТС и контрапартнерот на ПТС, претставници од УХМР, Министерство за здравство,  Европска комисија, ЕАР.
  • Од 13-14.05.2008 год. се одржа завршниот состанок на твининг проектот.
 

Компонента 1

 

Опис на компонентата Подготовка на упатства и подзаконски акти
Одговорен за компонентата Тања Пауновска, Сектор за Европска унија од јуни 2007 година лидер на компонентата е Билјана Ставревска, Сектор за Европска унија
Цел на компонентата
  • Анализа на постоечката легислатива за квалитет на воздух
  • Подготовка на коресподентни табели за Директивите 99/30/EC, 2004/107/EC и 2000/69/EC
  • Анализа на потребните подзаконски акти за понатамошна имплементација на Директивите 99/30/EC, 2004/107/EC и 2000/69/EC
  • Подготовка на подзаконски акти
  • подзаконски акт за мониторинг и известување за квалитет на амбиентен воздух во кој ќе се транспонираат рамковната Директива за квалитет на воздух и директивите ќерки
  • подзаконски акт за националните планови и програми во кој ќе се транспонират Директивата 2004/224/ECи рамковната Директива за квалитет на воздух
  • Подготовка на Упатство за воспоставување на зони и агломерации
  • Подготовка на Упатство за примена на подзаконските акти од областа на воздухот и обука на корисниците
Превземени активности
  • Состаноци со Кардс 2004 и 2005

Преглед на Законот и подзаконските акти:

-        Закон за квалитет на амбиентен воздух

-        Уредба за гранични вредности

-        Правилник за оценувачки критериуми

  • Во периодот од 26 Февруари до 28 Февруари 2007, во Австрија се одржа студиско патување во посета на Федералната агенција за животна средина за следниве тематски области:

-        EU законски барања и транспонирање на рамковните EU Директиви за квалитет на воздух и директивите ќерки, особено за мониторинг и известување, национални планови и програми, како и агломерации и зони.

-        Информатичко технолошки решенија за животната средина – информирање на јавноста

-        EURAD моделирање на квалитетот на воздухот во склоп на PROMOTE проектот

-        Подготовка на барање за твиниг light проекти

  • Изработени се коресподентни табели во однос на Директивите 96/62/ЕC, 99/30/EC, 2000/69/EC и 2004/107/EC
  • Изработено е упатство за употреба на Уредбата за гранични вредности во однос на маргината на толеранција
  • Извршена е анализа на недостатоци при транспонирањето на горенаведените директиви во законот и подзаконските акти
  • Подготвена е предлог верзија на подзаконски акти за мониторинг и известување за квалитетот на амбиентниот воздух според рамковната Директива и директивите ќерки

 

  • Подготвена е предлог верзија на Правилник за планови и програми

 

  • Извршена е анализа на Уредбата за гранични вредности и Правилникот за оценка на квалитетот на амбиентниот воздух со четвртата Директива ќерка 2004/107/EC

 

  • Подготвени се амандмани на Законот за квалитет на воздух

 

  • Подготвени се забелешки на изработениот Правилник за оценка на квалитетот на воздух

 

  • Анализа на влијанието на CAFÉ Директивата врз Законот за квалитет на воздух и подзаконските акти

 

  • Извршени се корекции и дополнување на првичната предлог верзија на Правилникот за мониторинг и известување за квалитетот на амбиентниот воздух според рамковната Директива и директивите ќерки

 

  • Извршена е ревизија и забелешки на Одуката за воспоставување на зони и агломерации подготвена во рамките на CARDS 2004 проектот

 

  • Изработено е Упатство за програми и акциони планови

 

  • Изработено е Упатство за користење на Правилникот за мониторинг и известување

 

  • Подготвен е предлог Проект за изработка на национален план за воздух

 

  • Корегиран е Правилникот за планови и програми и Правилникот за мониторинг и известување и упатства за истите

 

  • На 16.04.2008 година, се одржа работилница за начинот на користење на подготвените правилници и упатства

 

Резултати
  1. Понатамошно усогласување на Легислативата на ЕУ за квалитет на воздух врз основа на веќе усогласената рамковна Директива за квалитет на воздух.
  2. Комплетирање на нацрт подзаконски акти
  3. Обучување на 50 луѓе и подготовка на материјали за обука и прирачници

 

 

Компонента 2

 

Опис на компонентата Инвентари на емисии во воздух
Одговорен за компонентата Маријонка Виларова, Македонски информативен центар за животна средина
Цел на компонентата
  • Подобрување на Националниот инвентар за емисии во воздухот
  • Подготвен е извештај за усогласеноста на емисиониот инвентар со ЕУ барањата и листа на приоритети за подобрување
  • Добиена е подршка при ЕПЕР известување
Превземени активности
  • Идентификувани се институциите кои располагаат и користат податоци од сообраќајот и воспоставена е соработка со истите
  • Добиени се расположливите податоци од транспортниот сектор и сообраќајот кои  ќе се користат за идентификување на емисиите со употреба на Copert III модел
  • Разгледани се постоечките ресурси, работни станици и достапноста на податоците од инвентарите за емисии
  • Прегледани се постоечките серии на податоци и извештаи, постоечкиот инвентаризиран материјал, како и учесниците во моменталната работа на инвентарите
  • Утвреден е недостаток на податоци за имплементација на COPERT IV
  • Добиена е помош во подобрување на перформансите на единствена база на податоци во МЖСПП
  • Добиена е поддршка за ажурирање на Националната Методологија за инвентаризација на емисии во воздух, со посебен осврт на работите каде е потребно подобрување, како што се емисии од земјоделство, емисии од согорување на огревно дрво, емисии од патен, воздушен и железнички сообраќај, емисии од работни машини
  • Подобрување на капацитетите за развој на програма за обука за подготовка на емисиони инветари извештаи
  • Подршка за користење на EPERизвестување
  • Подготвен е План за прибирање на податоци за инвентаризација во секторот сообраќај
  • Подготвен е одделен документ за воспоставување на Национален план за инвентаризација
  • Извршена е проценка на националните емисиони фактори: Емисионите фактори од мерењата беа споредени со меѓународни материјали. Беше заклучено дека емисионите нивоа се во согласност со нивоата на меѓународните емисиони фактори.
  • Извршена е имплементација на COPERT IV
  • Добиена е поддршка за развивање на Националните емисиони фактори и методи за инвентаризација
  • Добиена е поддршка за развој на прибирање на податоци за инвентаризација
Резултати
  1.     Подобрување на институционалните капацитети и алатки за одржување на инвентарите за емисии
  2.     Известување во согласност со ЕУ националниот систем за емисии и приоритетна листа за подобрување
  3.     Подобрување на Националната методологија за инвентарите за емисии во воздух во Република Македонија
  4.     Подобрување на капацитетите и подготовка на материјали за обука за инвентари за емисии и извештаи
  5.     Поддршка за EPER известување
 

Компонента 3

 

Опис на компонентата Прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот
Одговорен за компонентата Анета Стефановска, Македонски информативен центар за животна средина

Од април 2007 година лидер на компонентата е м-р Маријонка Виларова, Македонски информативен центар за животна средина

Цел на компонентата
  • Подобрување на методологијата за прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот
  • Ревизија на постоечките зони и агломерации
  • Подготовка на прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот и известување за истата кон ЕЕА
  • Информирање на јавноста преку подготовка на брошури, презентации итн.
Превземени активности
  • Присуство на првата планирана мисија во јануари 2007 на завршната работилница од CARDS 2004 компонента М3 – прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот и воспоставување на зони и агломерации во Република Македонија
  • Учество на финалната работилница на CARDS 2004
  • Предлогот на CARDS 2004 проектот е анализиран и подготвени се коментари.
  • Започнати се активности за подобрување на прелиминарната проценка на зоните и агломарациите вклучувајќи ги податоците од 2006 година
  • На 16.04.2008година одржана е работилница за претставување на резултатите од прелиминарната проценка
  • Изработен е план за подобрување на извештајот вклучувајќи и податоци од 2006 за прелиминарна проценка на зони и агломерации
  • Интегрирани се податоците од инвентарот на емисии
  • Подготвен е план за примена на пасивни семплери во додатни мерења
  • Интегрирани се емисионите инвентари во прелиминарната проценка на квалитетот на воздухот
  • Дисперзионото моделирање е интегрирано во прелиминарната проценка на квалитетот на воздухот
  • Обработени се податоците од 2007 година.
  • Изработена е брошура за информирање на јавноста за квалитетот на воздухот
  • Комплетиран е извештајот за Подобрена прелиминарна проценка за квалитетот на амбиентниот воздух
Резултати
  1.     Подобрување на методологијата за прелиминарна проценка
  2.     Ревидирање на зоните и агломерациите, воспоставени со Проектот CARDS 2004
  3.     Подигање на света за значењето на мониторинг системот за квалитет на воздух
 

Компонента 4

 

Опис на компонентата Мерења на квалитетот на воздухот и лабораториска работа

 

Одговорен за компонентата Александра Несторовска-Крстеска, Македонски информативен центар за животна средина
Цел на компонентата
  • Подобрување на активностите во калибрационата лабораторија и обука на стручните лица
  • Зајакнување на капацитеите при одржување, калибрација и поправка на мониторинг станиците и семплерите
  • Подготовка на QA/QC план
  • Подготовка на план за подобрување на активностите и обука на стручните лица во процесот на управување со податоците
  • Обука за гасно-хроматографски анализи на проби земени од воздух
  • Подобрување на мобилната лабораторија за мониторинг на емисии и обука на стручните лица
  • Изработка на спецификација и листа на приоритети за инвестиции
Превземени активности
  • Испитана е можноста за употреба на инструментите во лабораторија за вршење на анализи на додатни супстанци (бензен, полициклични ароматични јаглеводороди)
  • Извршен е преглед на моменталната состојба на калибрационата лабораторија и план за подобрување
  • Извршен е преглед на моменталната состојба на мобилната лабараторија
  • Извршен е преглед на моменталната состојба и идентификувани се потребите за понатамошен развој на системот за управување со податоци за воздух
  • Изведено е студиско патување во Финска во однос на стандардните оперативни процедури за целните соединенија за гасно-хроматографска анализа на примероци од воздух
  • Одржана е обука за auditsво калибрациона и хемиска лабараторија за мерење на PM10
  • Одржана е обука за подготовка на Стандардни Оперативни Процедури (СОП)
  • Во периодот од 27-31 август,во Финска изведено е студиско патување на тема: Размена на искуства со Земјата членка (ЗЧ) во областа на мониторинг на воздухот
  • Доставена е опрема за мобилната лабараторија и извршена е обука за користење при мерење на емисии
  • Извршена е обука за сервис на BTXанализатори
  • Набавени се материјали и опрема за калибрационата лабораторија, хемиската лабораторија за анализа на PAH, и мобилната лабораторија
  • Извршена е обука на техничкиот персонал за калибрација на инструментите
  • QA/QC планот е комплетиран
  • Одржани се обуки на персоналот во однос на Стандардните оперативни процедури за  PAH соединенија со гасно-хроматографска анализа на примероци од воздухво централната лабараторија за животна средина
  • Извршена е проверка на резултатите од подобрувањата во мобилната лабараторија
  • Изготвена е листа на инвестиции (софтвер, лабораториска опрема и дополнителна опрема за фиксните станици за мониторинг на воздух и за мобилната лабораторија)
  • Подготвена е прелиминарната листа на инвестиции (софтвер, лабораториска опрема и дополнителна опрема за мониторинг станиците за квалитет на воздух и мобилната лабораторија за емисии), направена е размена на искуството на ЕУ земјите членки и обука за мониторинг на квалитет на воздух
  • Извршена е обука на техничкиот персонал за сервисирање и одржување на инструментите
  • Извршена е обука на техничкиот персонал за калибрација на проверка на инструментите
  • Подготвен е план и спецификација за нов софтвер за управување со податоци
  • Подготвена е спецификација за потребна опрема и материјали за автоматскиот мониторинг систем, мобилната лабараторија и хемиска лабараторија за анализа на PAH
  • Подготвен е QA/QC план за калибрационата лабораторија и автоматскиот систем за квалитет на воздух
Резултати
  1.     Подобрување на оперативноста на калибрационата лабораторија и обука на персоналот
  2.     Зајакнување на  капацитетите за оперативност, одржување, калибрација и поправки на мониторинг станиците
  3.     Подготовка на QA/QC план
  4.     Комплетирање на план за подобрување и обука за управување со податоци
  5.     Комплетирање на план за подобрување и обука за гасно-хроматографска анализа за проби во воздух
  6.     Подобрување на на оперативноста на мобилната лабораторија за мониторинг на емисии и соодветна обука на персоналот за мерење на емисии
  7.     Спецификации и приоритетна листа на инвестиции (софтвер, лабораториска опрема и дополнителна опрема  за мониторинг станиците за квалитет на воздух и мобилната лабораторија за емисии)
 

Компонента 5

 

Опис на компонентата Дисперзионо моделирање
Одговорен за компонентата Игор Пауновски, Македонски информативен центар за животна средина
Цел на компонентата
  • Набавка и имплементирање на модел за квалитет на воздух
  • Воспоставување на методи за подготовка на сетови на податоци (метеоролошки податоци и податоци за емисии во воздухот) за дисперзионо моделирање
  • Обука на стручни лица за користење на моделот
Превземени активности
  • Инсталиран е модел за симулација и предвидување  на загадување од сообраќај во урбани средини
  • Воспоставен е метод за обезбедување на метеоролошки и емисиони податоци за дисперзионо моделирање
  • Извршена е обука за користење и валидација на резултатите од моделирањето
  • Комплетираните MPP-FMI програми се инсталираа на Microsoft Windows платформа
  • Програмскиот код на Урбано – дисперзиониот модел (UDM-FMI) заедно со една статистичка програма се инсталирани на windows серверот на МЖСПП
  • Проверен е квалитетот на достапните метеоролошки податоци за 2006 од 14 станици за квалитет на воздух кои припаѓаат на МЖСПП
  • Подготвени се материјали за обука
  • Започнато е прибирање на достапните метеоролошки податоци од УХМР и аредором Петровец и развивање на методи за обезбедување на метеоролошки податоци неопходни за дисперзионото моделирање
  • Подготовени се  податоци за емисии од Окта и топлификација и други влезни податоци за дисперзионото моделирање
  • Извршено е прибирање на достапните метеоролошки податоци од УХМР и аредором Петровец и развивиени се методи за обезбедување на метеоролошки податоци неопходни за дисперзионото моделирање
  • Се подготвуваат податоци за емисии и потребни параметри од други поголеми загадувачи за дисперзионото моделирање
  • Воспоставен е метод за обезбедување на метеоролошки и емисиони податоци за дисперзионо моделирање
  • Подготвени се први верзии на прирачници за користење за UDM-FMI и MPP-FMI
  • Изготвен е пробен дисперзионен модел во реална ситуација
  • Подготвени се модели за емисија на SO2, NO2и NOxза Топлификација и Окта
  • Подготвен е предлог проект за развој и приемена моделирањето во оценката на квалитетот на воздухот
  • Подготвени се други пробни дисперзиони модели во реални ситуации
Резултати
  1.     Набавка и имплементација на модел за квалитет на воздух
  2.     Воспоставување на методи за обезбедување на метеоролошки серии на податоци и серии на податоци од емисии за дисперзионото моделирање
  3.     Обука на персоналот за користење и валидација на резултатите од моделот
  4.     Подготовка на модели за реални случаи