Твининг проект – „Подобрување на квалитетот на воздухот”

Министерството за животна средина и просторно планирање успешно го имплементираше првиот Твининг проект во Македонија и на Балканот во областа на животната средина. Твининг проектот „Подобрување на квалитетот на воздухот” беше дел од CARDS 2005 програмата и траеше 18 месеци во периодот од 01.09.2006 до 01.05.2008 год.

На распишаниот тендер како земја членка од Европската Унија беше одбрана Финска чиј претставник беше Финскиот метеоролошки институт а како помлад партнер беше одбрана Австрија која ја претставуваше Австриската агенција за животна средина. Во реализацијата на твинингот беа вклучени и Управата за хидрометеоролошки работи и Републичкиот завод за здравствена заштита

Со проектот управуваше Европската агенција за реконструкција, а одобрениот буџет изнесуваше 650,000.00 Евра.

Општата цел на проектот беше да се подобри квалитетот на воздухот во Република Македонија. За да се постигне ова се зајакна институционалниот и техничкиот капацитет во управувањето и проценката на квалитетот на воздухот преку развивање и воведување на нови методологии и одржување на интензивна практична обука за нивно користење.

Исто така се зајакна и законската рамка со хармонизирање на законодавството со релевантните ЕУ директиви. Со новите методи и подобрениот технички и персонален капацитет се овозможи изработка на порелевантни и комплетни анализи на квалитетот на воздухот, изработка на релевантни национални и меѓународни извештаи како и навремено доставување на информации до пошироката јавност за квалитетот на воздухот со поголема релевантност.

Имплементацијата на твининг проектот предвидуваше заедничка работа на експертите од областа на воздухот од МЖСПП и експертите од земјите членки.

Проектот се состоеше од пет компоненти:

Компонента 1Подготовка на упатства и подзаконски акти  

Компонента 2Инвентари на емисии во воздух  

Компонента 3Прелиминарна проценка на квалитетот на воздухот  

Компонента 4Мерења на квалитот на воздухот и лабораториска работа  

Компонента 5Дисперзионо моделирање