СОУ “Богданци“, Богданци


Средното училиште  „Богданци“ од Богданци е вклучено во GLOBE програмата од октомври 2007 година. Вкупниот број на ученици е околу 304 кои посетуваат настава од различни профили како на пример: гимназиско образование, природноматематичка и текстилна струка.

Од самиот почеток на имплементирање на програмата па се досега во училиштето се развива се поголема желба за нови осознавања, активности и развој. Првите месеци од вклучувањето се посветија на осмислување на метеоролошката станица, да се обележи просторот за мерната станица, да се намести опремата како и да се обучат учениците. И ќе се започне со редовна работа на протоколите од атмосфера, хидрологија и земјина покривка.
Во спроведување на програмата активно се вклучени три професора и околу 20 ученици.

bogdanci

Aктивности на учениците
1. Атмосфера
2. Хидрологија
3. Земјина покривка
4. Останати активности

Настани и награди

Презентации
GLOBE – СОУ “Богданци“, Богданци